Аднан Ќахил

 

На 31.05. 2017 година Аднан Ќахил е избран за министер без ресор во Владата на Република Македонија.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Аднан Ќахил е роден на 03.02.1960 година  во Скопје.

Зборува турски, македонски, англиски и албански јазик.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно и средно образование завршил во Скопје. Високо образование на хемискиот факултет Скопје  при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во 1984 година. Постдипломски студии завршил  на ПМФ, магистрирал и е пред одбрана на докторската дисертација.

 

КАРИЕРА

Работел како наставник во ОУ Тефејјуз – Скопје, бил процесен и главен инзињер во Охис, а од 1990 годинапрофесор по хемија во „Јосип Броз Тито“ во Скопје.

Од 1998 година до денес – професор на Педагошкиот факултет Скопје.

1998-2000 година-  министер без ресор,

2000-2002 година –  државен советник на премиерот,

2002-2006 година – пратеник во Собрание на РМ,

2006-2008 година-  министер без ресор во Влада на РМ.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Од 1998 година е претседател на Партија за движење на Турците во Македонија.

 

СПОРТ

Аднан Ќахил  е тренер во карате клуб „Вардар“ и меѓународен инструктор на ВСКФ федерацијата во Токио за Европа.

 

ИЗВОРИ


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.