Али Ахмети: Дијалогот на високо ниво е всушност почнување на преговорите

Дијалогот на високо ниво е всушност почнување на преговорите, бидејќи на ист начин продолжуваат и другите земји кои официјално ги почнуваат преговорите за членство во ЕУ. [Датум: 15.03.2012 | Извор: Алфа ТВ]

Образложение

Никоја земја членка на ЕУ досега немала договор од типот на високо ниво, моделот на Македонија со ЕУ е уникатен. Сите земји што станале членки на ЕУ после завршувањето на процесот на скрининг (пред да почнат вистинските преговори , Комисијата детално го прегледува секое поглавје со секоја земја кандидат) почнале да ги водат официалните преговори. Актуелно Црна Гора започна со скрининг процесот без претходно да воспостави диалог на високо ниво со ЕУ. Македонија и Србија се само наблудувачи на процесот  што го води Црна Гора и технички земат учество во процесот, т.е неформални преговори.

Како што најавија  Еврокомесарот Фуле, премиерот Груевски и вицепремиерот за европски прашања Теута Арифи, исполнување на 16 конкретни мерки – тоа се целите на пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Европската комисија и Македонија.

Дијалогот не значи почнување на преговорите.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција