Али Ахмети: Наскоро во Косово само со лична карта

„Денеска се потпиша договорот меѓу Македонија и Албанија за нашите граѓани да ја минуваат границата само со лични карти. Утре ќе се потпише договор и со Косово и ќе имаме уште понапреднати односи меѓу земјите во регионот, затоа што ова претставува државна политика, ова е човечна политика која на граѓаните им овозможува услови во сите полиња и насоки.“ [Датум: 15.12.2011 | Извор: Дојче Веле на Македонски]

Образложение:

1. Патувањето без пасош нема да важи за сите граѓани. Според драфт-договорот меѓу Косово и Македонија (објавен на взаемната комисиска средба меѓу делегацијата на Косово и Македонија на ден 25.05.2011,  извор 1извор 2) само граѓаните кои живеат 25 километри блиску до граничните премини со Косово ќе можат да ја преминуват истата без пасош, само со специјално уверение дека жителот живее во граничниот регион, кој ќе се издава од релевантните институции.  Другата работа за која се договориле е отворањето на новиот регионален граничен премин Белановце-Станчиќ.

2. Договорот (за тие неколку граѓани ) сè уште не е потпишан. Ако Ахмети со зборот “утре” мисли на наскоро,  треба да го потсетиме дека според изјавите во медиумите горенаведениот Договор требаше да се финализира после формирањето на новата Влада на Македонија.  Владата се формираше кон крајот на септември, 4 месеци се поминати и сè уште нема инициатива за поттпишување на истиот.

3. Индикативно е и фактот што во новата ревизија на Национална програма за усвојување на правото на Европската унија што важи за официален документ за плановите на Владата во идната година (Ревизија 2012 на 16 декември 2011) никаде не се наведува поптишувањето на Договорот со Косово, туку се споменува само отворањето на новиот регионален граничен премин Белановце-Станчиќ.  „Се очекува отворање на новиот регионален граничен премин Белановце-Станчиќ, проширување на инфраструктурната мрежа (автопатот Скопје – Приштина), енергетско поврзување (далноводот Скопје – Приштина) и модернизација на граничните премини Блаце и Јажинце. Соработката меѓу двете земји е збогатена со потпишување на бројни договори од области од интерес за двете држави“ пишува во документот.