Ана Чупеска не е советник на претседателот Пендаровски

Фото: Фејсбук профил на Антонио Милошоски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денеска (12.08.2019) критикувајќи ја професорката од Правниот факултет, Ана Чупеска, ја искажа и следната невистина дека Чупеска

е близок советник на претседателот Пендаровски

[Извор: Прес 24; датум: 12.08.2019]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Оваа изјава на пратеникот Антонио Милошоски, во која тврди дека професорката Ана Чупеска е блиска советничка на претседателот Стево Пендаровски, е невитинита.

Пендаровски негира дека професорката Чупеска е негова советничка или ангажирана во претседателскиот кабинет. Тој, одговарајќи на новинарско прашање, на денешната прес-конференција рече:

Ана Чупеска нема никаква релација со овој кабинет во врска со советување или било какво помагање, ниту е инволвирана во некој проект. Знаеме кој е изворот на таа вест и тој апсолутно знае дека Чупеска нема никаква врска со кабинетот, но тој има таква агенда да шири лажни вести.

Професорката Чупеска деновиве (09.08.2019) откако италијанскиот весник „Ла Верита“ објави снимки поврзани со случајот „Рекет”, оцени дека е во прашање специјална војна која ја водат докажани клепто-фашисти како Матео Салвини и Берлускони “.

Во врска со ваквите квалификации  Пендаровски на пресот кажа:

Должност ми е да се произнесам во врска со искажаните ставови. За мене Салвини не е фашист, туку демократски избран министер во демократска Република Италија која е наш голем пријател во нашите евроатлански аспирации.

 

ИЗВОРИ:

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.