АНАЛИЗА: (Анти)корупциска комисија–време е за ремонт !

Фото: dksk.mk (Принтскрин)

 

Деполитизација на Комисијата за спречување на корупција, но и зголемени ингеренции во репресивниот дел. По најавите од Министрството за правда дека се подготвуваат законски измени за промена на сегашниот модел на работата и ингеренциите на антикорупционерите,  дел  од експертите оценуваат дека ова тело, кое е клучна алка во борбата против коруцијата, ја изгуби својата суштина, цел но и имиџ.

 

ФУНКЦИОНЕРИТЕ МИРНО „СПИЈАТ“ – НЕМА КОЈ ДА ГИ КОНТРОЛИРА …

Четири месеци без прв човек и без екипиран тим- комисиски членови, вака „функционира“ Комисијата за спречување на корупција, институција која, не само што треба да ја контролира работата на функционерите, туку има и широки надлежности и во другите сегменти во борбата со корупцијата, пишува Порталб.мк. Така, антикрупциска треба да постапува по неколку закони, важни за овој сгмент , Закон за спречување на корупција, Закон за заштита на укажувачите, Закон за спречување на судир на интереси и Закон за лобирање.

Антикорупциската комисија не ги исполни очекувањата за кои беше формирана уште во 2003 та година, со тек на време нејзината улога и функција целосно се изгубија, во ваква форма, како што е сега, нема поента да постои, бадијала се трошат пари за нејзино финансирање. Од гледна точка на законските обврски и ингеренции, во превентивниот дел,  Комисијата има доволно надлежности, но треба да се отвори прашањето за ингеренциите во репресивниот дел. Сметам дека е потребно законско зајакнување во надлежностите во реперсивниот дел, што подразбира поголема размена на информации и соработка со други институции, пред се со Јавното обвинителство и со Управата за јавни приходи, токму овие две институции се важи за еполог, односно разврска на коруптивни случаи“ – објаснува за „Порталб“, Ариф Муса, поранешен член на Комисијата за спречување на корупција.

 Во периодот што измина, анкетните листови на функционерите, нивното објавување и необјавување беше една од спорните теми во јавноста.

 Ние сега сме во ситуација да вртиме рака со институција која треба да биде синоним за транспарентност. Да го затвориме ова прашање веќе еднаш. Ова значи дека податоците од анкетните листови, по закон , се јавни и тоа е суштината, односно не смее да се наруши принципот дека тој анкетен лист е јавен. Ние имаме состојба кога упорно се урива суштината на институцијата, целта на нејзиното постење, изјави неодамна  за „Порталб“, еден од поранешните претседатели на државната комисија Драган Малиновски.

 Од Министерството за правда најавија законски измени со кои ќе се понуди нов модел на комисија, со зголемени ингеренции.  Според министерката Рената Дескоска, законските измени се неопходни за да се спроведе, пред сè,  деполитизација на Комисијата, а потоа и зголемување на нејзиниот капацитет и функционалност.

Целта е да се создадат механизми, практично што ќе и даде можност антикорупциската комисија да биде експертско тело на луѓе со интегритет кој што ќе можат да ја вршат својата функција и секако законски основи кои што ќе дадат засилени ингеренции во вршење на своите овластувања.Корупцијата не е само примање парични надоместоци или подароци, корупцијата е отсуство на сите видови влијанија во носењето на одлуките и тоа е особено битно за судството, бидејќи кај нив е изрично пропишано дека мора да судат врз основа на Уставот и законите во Република Македонија, што, за жал, не секогаш беше случај во изминатиот период – изјави министрката  Дескоска.

Експертите велат дека се потребни законски измени, но предупредуваат оти клучен фактор за функционалност на Комисијата  се нејзната департизација и деполитизација.

Ако ни се случи политички експонирани личности, поранешни пратеници или државни функционери да бидат дел од Комисијата за спречување на корупција, тогаш не можеме да зборуваме за вистински реформи. Потребни се луѓе без „дамка“ на кариерата, кои не се компромитирани, туку се независни експерти кои не се политички обоени и кои воопшто не биле дел од законодавната или извршната власт – вели Муса.

 Од Владата најавуаат дека со законските измени ќе се обезбеди деполитизација на телото кое е значајно  за борбата против корупцијата.

Целта е да се создадат механизми, практично што ќе и даде можност антикорупциската комисија да биде експертско тело на луѓе со интегритет кој што ќе можат да ја вршат својата функција и секако законски основи кои што ќе дадат засилени ингеренции во вршење на своите овластувања – смета министерката  Дескоска.

 Според последниот достапен извештај за работата на Антикорупциската комисија, во 2016 година биле покренати вкупно 13 иницијативи за поведување постапка, една иницијатива за поведување на постапка за разрешување на одговорно лице поради неисполнување на дефинираните услови во законските прописи и 12 иницијативи за поведување на постапка за разрешување од извршување јавни овластувања и должности на лица кои постапиле спротивно на законските прописи, односно ги прекршиле границите на своите овластувања и должности, својот личен интерес го ставиле пред јавниот интерес. Во истата година биле изречени  20 јавни опомени на службени лица кои по укажувањата на ДКСК, не се откажаа од извршувањето на кумулираните функции кои истовремено ги извршувале.

Во 2016 година се оформени 63 предмети, а ДКСК постапуваше по вкупно 277 предмети од областа на спречување на корупцијата, од кои се решени 122 предмета . Од областа на судирот на интереси, во ДКСК се оформени вкупно 78 предмети, а од нив се завршени вкупно 57. Покрај нив, во предметната година ДКСК дополнително постапуваше и по 81 предмет од претходните години, од кои затворени се 53, а 28 предмети се работат во континуитет – се наведува во годишниот  Извештај за работата на Комисијата во 2016.

 Експертите сметаат дека антирупционерите требаше да имаат полни раце работа во изминатите години, а како пример го посочуваат проектот Скопје 2014, кој сега е дел од повеќе истраги. Скоро четири месеци антикорупциската комисија е без прв човек и без членови, откако во март беше обелоденет скандалозниот извештај од внатрешната ревизија кој покажа дека дел од членовите лажирале патни налози за да добијат повисоки суми за патни трошоци, но се обелодени и ненаменско трошење на буџетски пари. Прв оставка поднесе претседателот на комисијата Горан Миленков, а по него и членовите.