АНАЛИЗА: Евроинтеграциите – шанса за подобар стандард  

Фото: commons.wikimedia.org

Европската унија испорача условен датум за почеток на преговори, НАТО ни упати покана за членство. Решението за спорот со името ги деблокираше евроатланските интеграции, но внатрешните сè уште присутни проблеми го условија почетокот на преговорите за ЕУ.  Македонија ја чека долг реформски пат, на кој ќе треба да се покаже политичка волја и да се носат тешки одлуки, коментираат дел од аналитичарите за „Порталб. Реформи ја чекаат и нашата економија, која според сегашните перформанси е една од најсиромашните во Европа.

 

НИЗОК СТАНДАРД – ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА…

Точно е дека по членството во НАТО и во Европската унија, економиите на новопримените земји драматично не напредуваа, но сепак трендовите  се позитивни, треба да се има предвид дека зборуваме за економски развој на земји, дел од нив кои беа долги години заглавени во комунизам,  а од друга страна ги имаме развиените европски економии, во кои животниот стандард изгледа недостжен во однос на просекот во  замјите од нашиот регион, коменитираат дел од економистите.  Сепак, сметаат дека евроатланската интеграција на Македонија ќе има позитивен ефект врз економијата.

Отворањето  кон европските интеграции ќе отвори и нова перспектива за земјава, еден од проблемите со кои би се соочиле е миграцијата што ќе влијае на внатрешната економија, но мора да се каже дека и сега со глобализацијата, не можеме да го спречиме овој процес – а тоа е протокот производи и на луѓе. Мора да го видиме ефектот во различни сектори. На пример, да го видиме преку ангажманот на  еден работник кој во Германија, со својот занает ќе добие просечна плата до 1 500 евра, а за да ги добие ќе мора да одработи вистински 8 работни часови, односно да биде продуктивен. Тоа ќе се рафлектира директно во домашната економија, бидејќи и тука фирмите и вработени ќе се стремат да се напушти концептот на ниска плата заедно со ниската продуктивност што сега ја имаме – вели економистот Фатмир Битиќи .     

Според најновите податоци на Еурсостат, најсилни европски економии остануваат Белгија, Данска, Луксембург, Ирска, Германија, Австрија, Шведска. Од друга страна, најсиромашни европски економии, според просечното ниво на животен стандард се Бугарија и Хрватска, но сепак подобри во однос на земјите – аспиранти, како Македонија, Албанија, Црна Гора.

 

                Животен стандрад во однос на европскиот просек:

 

Германија     123%                                       Грција       67%

Луксембург   253%                                       Хрватска   61%               

Белгија          117%                                       Бугарија    49%

 

Според податоците на официјалната европска статистика, земјите – аспиранти за членство во Еврпската унија значајно заостануваат зад европскиот стандард.

           

          Животен стандард во однос на европски просек/земји аспиранти:

 

Македонија   37%

Албанија       29%

Србија           37%

Црна Гора     46%

 

Поранешниот министер за финансии, професорот Никола Поповски за „Портралб“ вели дека евроатланските интеграции можат да влијаат на позитивни трендови во економијата, но одлуките за тоа каков ќе биде економскиот концепт,  сепак на крајот ќе зависат од креторите на политиките, внатре во земјата.

Точно е дека соседните земји и со влезот во ЕУ и/или НАТО не успеаја значително да ги подобрат своите економски перформанси, па веројатно тоа нè очекува и нас на долг рок. Тоа што е поважно е да сфатиме дека нашата економска состојба пред сè ќе зависи од нашата умешност добро да ја водиме економијата, а не од некакви нереални очекувања дека состојбите по автоматизам ќе се подобрат. НАТО е само еден од добрите предуслови, но никако и гарант на добрата економска состојба во која било земја – вели универзитетскиот професор и еден од Никола Поповски.  

 

Македонија, според веќе влезе во скриниг-процесот, како претходница на почетокот на прегововорите  за членство во Европската унија.  Влезот,  пак, во  НАТО, според Исмет Рамадани, претседател на невладината организација Евро-атлански совет на Македонија, ќе биде прв и значаен сигнал за влез на странски инвеститори.

Самиот факт што добиваме покана за членство во НАТО ние ќе станеме и полноправна членка на Североатланскиот сојуз, што ќе значи дека ќе споделуваме исти вредности со останатите земји – членки на НАТО, од кои поголемиот дел се и членки на Евроспката унија. Во тие критериуми, како комплементарни, освен безбедносните прашања и Армијата, има и други, поврзани со правната сигурност и економијата. Сериозните компании кои се подготвени да инвестираат, првото прашање што го поставуваат  се однесува на регулативата односно на правниот систем и второто прашање се однесува на безбедноста. Треба да ни биде јасно дека интересот на странските компании, пред сè е нивниот капитал да биде гарантиран и безбеден, заштитен – вели Исмет Рамадани за „Порталб“

Последното поголемо проширување на Европската унија се случи во 2007-та година кога кон Унијата пристапија Бугарија и Романија, земји кои се одлучија на овој потег 17 години по падот на комунизмот.  При влезот во ЕУ, Бруто домашниот производ по глава на жител во Бугарија изнесуваше 4 860 долари а во 2016 се искачи на 7 580 долари или зголемување за скоро 36%. Во случајот со Романија, БДП по глава на житле во 2007 година изнесувал 6 520 долари а во 2017 година се зголемил на 9 480 долари, или за  31 %. Во истиот анализиран период во Македонија БДП по глава на жител( споредба 2007 -2016 година) се зголемил за 28%, но во апсолутен износ,  земјава застанува со 5 890 долари БДП по глава на жител. Слични трендови беа забележани и кај земјите кои пристапија кон НАТО, па така „Порталб“ веќе анализираше дека во Бугарија, пет години пред да стане членка во НАТО, странските директни инвестиции како процент од БДП изнесувале 7%, додека пет години од влезот во НАТО тие  пораснале на 19,7% годишно,  а во Албанија, по влезот во НАТО, на годишно ниво странските инвестиции се зголемуваат и за една милијарда евра ( на пример во 2016 година) и тие достигнаа околу 10% од Бруто домашниот производ.

Поканата за членство во НАТО, Македонија  ја доби на јулскиот самит, додека полноправното членство ќе се случи откако ќе завршат правните процедури, заедно со референдумот, со кои ќе се создадат услови за уставни измени.

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.