АНАЛИЗА:  Ќе олеснат ли условите за кредитирање – очекувањата на банкарите!

Банки: годинава полесно до кредити. Фото: pixabay.

Дел од банкарите велат дека со почетокот на 2018 година очекуваат зголемена побарувачка на кредити и од фирмите и од населението, дел од условите за кредитирање ќе олеснат, но главно во делот на провизиите поради интербанкарската конкуренција

Фирмите со воздржана кредитна побарувачка, за граѓаните и натаму потрошувачките и станбените кредити се најатрактивни. Народната банка ја сумираше банкарската 2017 година. Лани, вкупната кредитна изложеност изнесувала 4,8 милијарди евра, пишува анализата на Portalb.mkДел од банкарите велат дека со почетокот на 2018 година очекуваат зголемена побарувачка на кредити и од фирмите и од населението, дел од условите за кредитирање ќе олеснат, но главно во делот на провизиите поради интербанкарската конкуренција.

КРЕДИТИРАЊЕ НА КОМПАНИИ…

Олеснувањето на условите за кредитирање на компаниите ќе продолжи и во првото тромесечје од 2018 година, како продолжение на овој тренд од последниот квартал од 2017 година. Според оценките на банкарите, најглем удел во олеснувањето има каматната стапка, но дел од условите остануваат непроменети. 

Во однос на останатите услови за кредитирање на корпоративниот сектор, кои се поврзани со големината на заемот или кредитната линија, барањата за обезбедување и достасувањето на заемите, банките и понатаму укажуваат дека тие услови се релативно непроменети – соопштуваат од Народната банка, повикувајќи се на резултатите од анкетата спроведена меѓу банкарите.

Клучни фактори од кои зависи олеснувањето на кредитните услови за компаниите се конкуренцијата од другите банки, која има изразено и доминантно влијание врз олеснувањето на условите за кредитирање, потоа следуваат конкуренцијата од небанкарскиот сектор и конкуренцијата од пазарното финансирање. Но, при кредитирање на фирмите, банките и натаму го задржуваат високиот степен на внимателност, пришто и натаму најзначајни параметри остануваат финансиската кондиција на фирмите, но и перспективата на економската гранка, односно на бизнисот на кој припаѓа компанијата која бара кредити. Така, најголем дел од банкарите изјавиле дека најважни фактори при одбрување кредити се бонитетот и приходите на клиентот, а потоа следуваат квалитетот на инвестицискиот проект, лојалноста кон банката и обезбедувањето.

Дел од банкарите велат дека во периодот што следува очекуваат зголемена побарувачка на кредити од страна на фирмите.

Ланската 2017 година сè уште беше неизвесна, имаше ризици поради внатрешно-политичката состојба, но полека се чуствува дека таа се менува. Во последното тромесечје од 2017 година кредитниот пазар се раздвижи. Кај населението константно имаме раст на кредиторањето, но би рекол дека овој тренд се почувствува и кај фирмите. Очекувањата се дека годинава ќе имаме нешто подобри показатели за кредитниот раст кај компаниите, кои во изминатиот период се воздржуваа од инвестициски вложувања, велат банкари за “Порталб“. 

Според најновите објавени податоци што ја сумираат банкарската 2017 година, вкупната кредитна задолженост на компаниите во банките, на крајот на декември, лани,  изнесува 2,5 милијарди евра и е зголемена во споредба со декември 2016 година, кога изнесувала 2,4 милијарди евра.

КРЕДИТИРАЊЕ НА ГРАЃАНИ…

Во обид да се стимулира кредитирањето на населението, но и да се справат со конкуренцијата, дел од банките влегоа во процес на позначајно олеснување на кредитните услови за граѓаните. Позначајно олеснување, според оценките на банкарите, има за потрошувачките кредтити, кои воедно се и најатрактивни за населението.

Умерено интензивирање на нето-олеснувањето на условите за кредитирање се забележува кај потрошувачките кредити, како резултат на поголемиот процент на банки коишто се определиле за олеснети кредитни услови. Сепак, поголем дел од банките и натаму упатуваат на непроменети кредитни услови при одобрување кредити на домаќинствата – велат од Народната банка.

Олеснувањето на кредитните услови главно се однесува на делот на провизиите.

Најголем процент од банките укажуваат на непроменета каматна стапка кај станбените и потрошувачките кредити. Поголемо нето-олеснување во однос на претходната анкета се забележува кај провизиите и кај двата типови на кредити. Кај останатите кредитни услови не се забележани позначителни промени – се посочува во новообјавенат анкета на НБМ.

Според банкарите, годинава се очекува да започне со зголемена побарувачка на кредити, пред сè, на потрошувачките и на станбените кредити, како резултат на поволните перспективи на пазарот за станбена изградба и довербата на потрошувачите, но удел врз зголемената побарувачка имаат и заштедите на домаќинствата. Исто така, зголемен е бројот на банкари кои сметаат дека во првите три месеци од новата 2018 година ќе има делумно олеснување на кредитните условии за станбените и потрошувачките кредити. 

На крајот од декември лани, вкупната кредитна изложеност на банките кон населението изнесувала 2,3 милијарди евра и таа е зголемена во однос на декември 2016 година, кога била на ниво од 2,1 милијарда евра. Сумирано, банкарската 2017 година заврши со раст на кредитирањето во однос на 2016 година, или на крајот на декември кредитиот пласман на банките изнесувал 4,86 милијарди евра. Во валутната структура доминираат денарските кердити со удел од 83,7%, додека остатокот од 16,2% се девизни кредити. Лани нивото на нефункционални, односно проблематични кредити изнесувало 304,7 милиони евра.