АНАЛИЗА: Колку се богати пратениците од албанскиот блок? 

Анкетните листови на пратениците интересни за јавноста Фото: Порталб

 

 

Дел од новите пратеници доставија нов анкетен лист, но некои, според податоците од базата на Комисијата за спречување на корупција, сè уште не го сториле тоа. Анализата што ја направи “Порталб“ за имотната состојба на пратеници од албанскиот политички кампус покажува дека, сепак, кај дел од новите пратеници има промена – повеќе пари на сметки, автомобили. Еве каква е имотната состојба на некои од пратениците во новиот собраниски состав:

Џеват Адеми, ДУИ

Пратеникот Адеми, по основ на наследство, во анкетниот лист пријавил куќа во вредност од 105. 000 евра во Голема Речица, заедно со двор и земјоделско земјиште вредно 3. 000 евра. Во анкетниот лист се моторни возила на име на децата во вредност од 16.660 евра, но и автомобил, како личен имот 11 илјади евра. Адеми наведува и дека има и креди од 44. 000 евра, а сопругата има накит вреден скоро 16. 300 евра.

Бранко Манојловски, ДУИ

Манојловски, според пријавеното во анкетниот лист поседува зграда од 1. 200 метри квадратни во Илинис,САД со проценета вредност од 1,2 милиони евра. Од закпуп месечно има прилив од 10. 700 евра а на штедна книшка чува 24. 400 евра. Во анкетниот лист не се наведени транскациски сметки, возила или друг вид на имот.

Ејуп Аљими, ДУИ

Овој нов пратеник во својот анкетен лист навел дека поседува куќа во Скопје во вредност од 70. 000 евра, двор вреден 30 000 евра, земјиште во Скопје вредно 900 000 евра и моторно возило Ланчиа делта/2008.

Талат Џафери, ДУИ

Анкетниот лист на министерот Џафери и претеникот Џафери се разликуваат. Заедничко им е поседување на куќа во Форино од скоро 179. 000 евра, стан во Скопје, моторно воизло Аѕди А4 и платата на сопругата од 17. 000 денари. Во новиот анкетен лист, од позиција на пратеник, Џафери пријавил и автмобил од 2. 000 евра, како имот на децата, но и два кредити од 26. 500 евра и од 550. 000 денари. 

Бардул Даути, ДПА

Според она што го пријавил во анкетниот лист Даути пседува само возило од 300. 000 денари и на свое име има кредит од 657. 648 денари. Останатиот имот, куќа од 200 квадратни метри во Џепчиште, земјодолско земјиште и деловен простор, се на име на неговите родители. Пратеникот Даути, како член на советот на општина Тетово, во првиот анкетен лист пријавил и плата од 28. 400 денари, но сега во новиот анкетен лист она што е ново е што куќата од 80 метри квадратни станала 200 метри квадратни, а се зголемила и квадратурата на земјоделското земјиште.

Медух Тачи, ДПА

Во новиот анкетен лист на пратеникот Тачи повеќе го нема автомобилот БМБ, вреден 3 милиони денари. На трансакциска сметка, во однос на состојбата од претходниот анкетен лист, пријавил намалување на сумата, но девизниот депозити од 99. 000 евра се зголемил на 103. илајди евра. Пратеникот Тачи ја пријавил и својата куќа со двор во Тетово од 1. 186 квадратни метри како и куќа со деловен простор и двор, исто така, во Тетово во вредност од 74. 000 евра. 

  

Весел Мемеди, коалиција „Алијанса за Aлбанците“

Весел Мемеди, пратеник од коалиција „Алијанса за Aлбанците“ ( ДР-АДП, Унитети НДП), е регистриран со анкетен лист како член на советот во општина Гостивар, и од таа позиција тој има пријавено моторно возило Пежо 207 од 2006 година и плата од 42. 000 денари месечно.

Сурија Рашиди, коалиција „Алијанса за Aлбанците“

Во анкетниот лист на пратеникот Рашиди фигурира само моторно возило од 8.000 евра, но од позиција на член на советот на општина Струга, Рашиди има пријавено заеднички имот: две куќи со дворови во Радолишта, Струга како и земјоделско земјиште во истиот крај.

Африм Гаши, Беса

Како личен имот Гаши пријавил две трансакциски сметки без пари на нив, автомобил од околу пет илајди евра, а на име на својата сопруга накит вреден 120. 000 денари. Во анкетниот лист е пријавен и недвижен имот, но на име на родителите: стан од 60 квадратни метри во Скопје, земјиште, куќа како и пензија на родителите.

 

Новите анкетни листови, особено на истакнати функционери и на новите пратеници го предизвикаа вниманието на јавноста. Па така, експремиерот, а сегашен пратеник Никола Грувески пријави заштеда од 230. 000 евра и 13 уметнички слики, но во неговиот анкетен лист немаше недвижен имот на негово име. Недвижен имот на лично име нема ниту лидерот на СДСМ Зоран Заев. Освен анкетен лист, пратениците до Комисијата за заштита од корупцијата треба да достават и Изјава за судир на интереси. Според анализата на „Порталб“ – до моментот на сумблимирање на овој текст, имаше пратеници без анектен лист.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција