Утврдете ја вашата генерална идеолошка ориентација
0

Анализа на ветувањата од 2011 до 2014 година, на тема: Реновирање на студентскиот дом „Гоце Делчев“

Во изминатите неколку години реконструкцијата на студентските домови, конкретно на домот „Гоце Делчев“ во  Скопје, постојано е дел од ветувањата на Владата на Р. Македонија.

Studentski dom Goce Delcev

  • јули 2011
    Кога во текот на месец јули 2011 година, од страна на студентите кои живеат во студентскиот дом „Гоце Делчев“ постојано се апелираше за долгогодишните проблеми со лифтовите во домот, кои најголем дел од времето не работеа, од Министерството за образование и наука, објавија дека до крајот на 2011 година, лифтовите но и целиот студентски дом ќе бидат реновирани.
  • крај на 2011
    На крајот на  2011 година, тогашниот Министер за образование и наука, Панче Кралев, најави реконструкција на студентските домови, со приоритет на студентскиот дом „Гоце Делчев“.  Според неговата изјава, реконструкцијата требаше да биде завршена во текот на 2012 година. Но ова негово ветување не се реализира.
  • април 2013
    Во април 2013 година, повторно беше актуелен проблемот со состојбата во студентските домови. Претседателот на Владата на Р. Македонија, Никола Груевски ја најави реконструкцијата на домот „Гоце Делчев“, која требаше да се заврши до крајот на месец август 2013 година, и студентите да можат да се вселат во реконструиран објект, на почетокот од учебната 2013/14 година.  Исто така, тој  најави дека на местото на студентскиот дом Медицинар, ќе се гради нов објект, а процедурите за градба требаше да завршат заклучно со 2013 година.

И покрај сите најави, состојбата во студентските домови остана очајна. Четири месеци по завршувањето на летото се уште не беше  започната реконструкцијата на домот „Гоце Делчев“. Потврда за тоа беше последниот пожар во студентскиот дом, кој е 8ми пожар по ред во студентски дом во Македонија, почнувајќи од 2010 година.

Последните неколку денови, главна вест на дел од македонските медиуми, повторно беа условите во кои живеат студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“. За тоа колку состојбата е ужасна, зборува и фактот што дел од странски медиуми ги објавија сликите и видеата кои беа направени во студентскиот дом. Како реакција на ова, од страна на Министерството за образование и наука, повторно беше ветена долго очекуваната реконструкција на домот „Гоце Делчев“. Овој пат, според Министерот Ристовски, подобрувањето на условите ќе започне по изборите, односно во летниот период во 2014 година.

Линкови:

Анализа на: Марија Теговска

Оваа анализа е изработена во рамките на проектот Информирани гласачи за посилна демократија, имплементиран од Метаморфозис. Анализата e овозможенa сo поддршка на National Endowment for Democracy (NED). Содржината на анализата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или Владата на САД.

Остави коментар




Доколку сакате да имате фотографија со вашиот коментар, регистрирајте се на Gravatar.