АНАЛИЗА: (Не) одржливост:  на 1 евро странски заем –  само 0,8 евра нова создадена вредност!

Фото: pixabay.com

 

Со ниво на Јавен долг од 5 милијарди евра и Бруто надворешен долг од рекордни 8 милијади евра, продолжува трендот на раст на задолженоста на државата, но клучно е прашањето за што и каде завршуваат заемите и дали темпото на задолжување соодветно влијае врз екоомскиот раст – коментираат економистите. Од 2010 та година до март, 2018 година, Бруто надворешниот долг е зголемен за фантастични 3,3 милијарди евра. Според последните достапни податоци тој изнесува 78,7% , со што земјава, според овој критериум,  останува во групата на високо задолжени економии, пишува во неделната анализа на „Порталб“

 

 

ЈАВНИОТ ДОЛГ ВО ПОРАСТ – ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ НА ВНИМАТЕЛСНОСТ 

 

Пензиските фондови, банките и осигурителните компании се најголемите владини кредитори, кои откупиле повеќе од 80 отсто од државните хартии од вредност. Имено, најголем кредитор на домашниот пазар се пензисите друштва со удел од 37,10%, на кои државата по основ на записи и обврзници им должи 558,5 милиони евра, следуваат банките со удел од 36,07% и откупени хартии од вредност во висина од 543,0 милиони евра и осигурителните компании кон кои долгот изнесува 109,5 милиони евра. Вкупниот Јавен долг заклучно со првиот квартал од годинава изнесува 5,08 милијарда евра или 47,2%. Како апсолутен износ тој е во пораст, додека како процент од Бруто домашниот производ, во однос на состојбата на крајот од 2017 година, тој е намален.

                                  Структура на Јавен долг

Вкупен Јавен долг        5,084 милијарди евра

Надворешен долг         3,479 милијарди евра

Внатрешен долг            1,605 милијарди евра

Во најновиот извештај Народната банка регистрираше пораст на надврешниот јавен долг, кој е дел од вкупниот Јавен долг.

Вкупниот јавен долг, на крајот на првиот квартал од 2018 година  изнесува 48,2% од БДП, што претставува зголемување од 0,7 п.п. во однос на претходниот квартал. Промената во најголем дел произлегува од зголемувањето кај надворешниот долг (од 31,7% на 33,7% од БДП), при умерен пад на внатрешниот долг (од 15,9% на 15,2% од БДП). Вкупниот државен долг во првиот квартал се зголеми за 1,2 п.п. од БДП, додека намалување за 0,5 п.п. од БДП на квартална основа беше забележано кај долгот на јавните претпријатија –се наведува во последниот објавен извештај на НБМ“ – наведуваат од Народната банка.

Сè додека со домашните и странските заеми се поттикнува економијата а во исто време не се загрозува финансиската одржливост – задолжувањата се оправдани, коментираат економисти за „Порталб“.

Со јакнење на производниот капацитет на домашната економија, не само што се зголемува домашната понуда со стоки и услуги од домашно потекло, туку се намалува потребата од зголемен увоз, додека зголемувањето на новосоздадената вредност, овозможува не само покривање на потребите на домашната потрошувачка, туку се создава и вредност со која може да се вратат позајмените средства и трошоците од нивно позајмување, без при тоа да се зголеми фискалната пресија и без да се пристапи на ново и ново задолжување.Сите изминати години ние спротивното го правиме, доволно не се вложува во зголемување на производниот капацитет на домашната економија, немаме подинамичен економски развој оти малку се инвестира во зајакнување  на физичкиот и човечкиот капитал и капацитет, недоволно се вложува во изградба на инфраструктурни објекти, како патишта, железница, воздушниот, телекомуникационит и друг вид сообраќај. Како последица на се ова  ја имаме актуелната состојба, ниска стапка на економски, раст, ниско ниво на конкурентност на домашната економија, зголемен дефицит во надворешно трговската размена, хроничен дефицит во тековната сметка, зголемен вкупен, државен и јавен долг, оти ние постојано се повеќе и повеќе се задолжуваме – вели универзитетскиот професор Семи Бислими.

Во новообјавената Фискална стратегија 2019-2020 година, Владата предвидува натамошен раст на задолженоста до 60% од БДП, но најавува дека  ќе биде строго контролирана, односно се планира нивото на јавниот долг да биде во одржливи рамки, без притоа да се  наруши фискалната одржливост.

На среден рок се очекува умерено зголемување на вкупниот јавен долг до 54,8% од БДП во 2020 година и потоа намалување на 53,8% од БДП во 2021 година, што е значително под утврдениот лимит за среднорочно и долгорочно ниво на јавниот долг. Во 2018 и 2019 година се очекува интензивирање на инвестициите во областа на патната инфраструктура, кои се имплементираат со заеми гарантирани од државата  се посочува во документот на Министерството за финансии.

Грантираниот долг на Јавните претпријатија, односно задолженоста зад која како гарантор е државата, изнесува 814 милиони евра

 

ТЕМПО НА ЗАДОЛЖУВАЊЕ И КАДЕ СЕ ТРОШАТ ЗАЕМИТЕ 

Според економистите, важни се две прашања –  темпото на задолжувањеи  прашањето каде и за што се трошат заемите.  и за тоа за што се трошат позајмените пари.

Од сето тоа што како позајмица е земено на финансискиот пазар или не се инвестира соодветно, или ефектите од инвестициите се никакви, или пак, постои високо ниво на злоупотреба со јавните средства.. Според податоците на НБМ. Бруто надворешниот долг (јавен и приватен) во периодот 2006-2017 е зголемен за повеќе од три пати, додека дополнително додадената вредност во истиот период е зголемена за нешто повеќе од два пати. Вкупната дополнителна-маргинална додадена вредност во периодот 2006-2017  е помала од износот на надворешно задолжување, што значи дека, на секое едно евро вкупно надворешно задолжување имаме раст на новосоздадената вредност од 0,88 евра, што укажува на фактот дека, дополнителната новосоздадена вредност е недоволна за навремено покривање на позајмените средства и трошоците на позајмувањето – вели професорот Бислими.

И податоците за надворешната задолженост покажуваат тренд на пораст –  Бруто надворешниот долг на крајот од првиот квартал од годинава достигна 8,3 милијарди евра или 78,7% од БДП. Споредбената анализа на податоците што ја направи “Порталб“ покажа дека од 2010 година до крајот на март 2018 година, надворешната задолженост (со вклученост на сите сектори) е зголемена за 3,3 милијарди евра.

                                      Движење на Бруто надворешениот долг

2017 година       7,403 милијарди евра

2016 година       7,216 милијарди евра

2015 година       6,290 милиајрди евра

2014 година       5,992 милијарди евра

2013 година       5,219 милијарди евра

2012 година       5,171 милијарди евра

2011 година       4,846 милијарди евра

2010 година       4,105 милијарди евра

Од вкупниот надворешен долг, 2,88 милијарди евра отпаѓаат на државата, и тоа најголем дел 2,86 милијарди се долгорочни обврски. Надворешната излошеност на НБМ изнесува 369,5 милиони евра, на приватниот сектор 2,23 милијарди евра. Пораст од 300 милиони евра има и кај приватниот и кај  јавниот надворешен долг.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција