АНАЛИЗА: Владините трошења  растат – но за што? 

Меѓу буџетските кратења редовно се наоѓало и судството

Вкупните буџетски расходи само за една година, или во 2015 во однос на 2014 година се зголемиле за 20,1%, при што најголем раст за цели 182% има кај расходите за отплата на главнина а кај каматите пак растот изнесувал 26,9%. Од друга страна, во истиот анализиран период капиталните расходи се намалиле за 3,0%

Вкупните буџетски расходи само за една година, или во 2015 во однос на 2014 година се зголемиле за 20,1%, при што најголем раст за цели 182% има кај расходите за отплата на главнина а кај каматите пак растот изнесувал 26,9%. Од друга страна, во истиот анализиран период капиталните расходи се намалиле за 3,0%


Пишува: Анета Додевска 

Владините трошења растат, но драматично за отплата на долгови – главница и камати. Голем  дел од буџетскиот колач или скоро 20 отсто завршува за трансфери, најмногу до фондовите, а не е мала ниту ставката за плати и надоместоци, пишува во неделната економска анализа на Portalb.mk. На хартија – за судската власт проектирани законски лимити на средства што морале да бидат одборени и дадени,  во пракса, тие пари целосно не стасале до судовите.

 

Како и зашто се трошел Буџетот …

 Дури 19,7% од Буџетскиот колач завршува за тековни трансфери до вонбуџетски корисници – во кои спаѓаат и фондовите а 16,2 % од буџетскиот расходи завршуваат за плати и надоместоци. Структурата за трошење на буџетските пари, што ја објави Државниот завод за статистика покажува дека за каматни плаќања завршуваат 4,5% а за социјални бенефиции 4,9%. За капитални раходи кои се сметаат за клучни во равојната компонента на Буџетот,  во 2015 година се одвоиле 7,58%. Значајна е ставката за отплата на главнина преку која се одлеале 19,8% од Буџетот.

Вкупните буџетски расходи само за една година, или во 2015 во однос на 2014 година се зголемиле за 20,1%, при што најголем раст за цели 182% има кај расходите за отплата на главнина а кај каматите пак растот изнесувал 26,9%. Од друга страна, во истиот анализиран период капиталните расходи се намалиле за 3,0%.

Со овој ревизорски извештај е направена ревизија на Основниот буџет за 2015 година, но било опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2014 година.

 Управувањето и извршувањето на Буџетот за 2015 година, во делот на планирање и извршување на расходите и другите одливи и планирањето и извршувањето на приходите, според ревизорот, во најголем дел биле во согласност со износите утврдени во рамките на одборените буџети на одделни буџетски корисници, освен во делот на трансферите до единиците на локалната самоуправа и средствата во рамките на буџетот за судската власт.

 

Финансирање на судската власт …

 На хартија – утврдени и планирани износи за финансирање на судската власт, во пракса – буџетската исплата на помали суми од законски утврдените. Ова се дел од наодите на државниот ревизор кои се однесуваат на финансирање на судската власт.

Со извршената анализа  на податоците кои се однесуваат на одборените средства за судската власт, за периодот од 2012-2015 година, како и имајќи ја предвид пропишаната висина на нивното одборување, утврдивме дека со воспоставнената динамика на одборување на средства во рамките на буџетот за судската власт, во наведениот период не е достигнато законското утврдено ниво на буџетот предвиден  за судската власт во висина од 0,8% од Бруто домашниот производ – се наведува во ревизорскиот извештај.  

 

Така на пример, во 2012 година требало да бидат одборени 0,50 отсто а била дадени 0,45% , во 2013 година според ревизијата, има позначајно потфрлување па наместо потребните 0,6% за судската власт биле доделени средства во висина од 0,39%. Во 2014 година наместо 0,7% – биле доделени 0,41% а во 2015 наместо 0,8%, за судската власт биле доделени 0,38%.

 

„Ваквиот начин на планирање и финансирање на судската власт создава ризик за целосно обезбедување на стабилно, долгорочно, рамномерно и соодветно финанирање на судската власт“ – констатира ревизорот.

Министерството за финансии доставило забелешки во однос на ревизорскиот извештај.

 „Од страна на раководното лице во Министерството за финансии добиени се забелешки на Нацрт – извештајот на државниот ревизор, истите се разгледани и констатирано е дека дел претставуваат известување за утврдените состојби, дел делумно се прифаќаат и дел не се прифаќаат“ – наведува ревизијата.

Од дадените седум препораки по ревизијата во 2014 година, според ревизорот, утврдено било дека четири препораки се во тек на спроведување, една е целосно споведена и две препораки не биле спроведени.

 Темпото со кое се задолжува Македонија, заедно со намената на тие кредити, често се нотира во извештаите и на меѓународните финансиски институции, кои препорачаа консолидирање на јавните финансии. Од друга страна, за годинава веќе е најавено ново задолжување со Еврообврзница.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција