Андреј Жерновски: Изградба на нова детска градинка во Капиштец

544346_560324117331196_501608774_n_941937Наша цел е општина Центар да биде општина со најдобро целодневно окружување на нашите најмлади сограѓани, и во смисла на условите за престој и во смисла на квалитет и нега на воспитување. За таа цел, во престојниот четиригодишен период ќе пристапиме кон изградба на нова детска градинка во Капиштец (наведено како една од неколкуте активности за општина Центар во предизборната програма, делот Центар-општина со најдобри детски градинки”) Буџет: 112 000 000 денари од буџет на општина Центар  Рок: [јуни 2015]

Образложение:

 

Во почетокот на јули 2014 година  Општината Центар ги започна подготвителните работи и отстранување на стариот објект на градинката „Кочо Рацин“ во Капиштец.  [Пристапено на: 23.03.2015]

На 05.10.2014 започна да се гради новата градинка “Кочо Рацин” , на местото на постоечките дотраени бараки на градинката помеѓу улиците “Козара” и “Васил Ѓоргов”. Објектот ќе се простира на површина од 2200 метри квадратни и ќе опфати осум занимални, три јасли, централна кујна, амфитеатар и свечена сала во која ќе се згрижат 270 деца. Ќе се гради според стандардите за енергетска ефикасност, кујната ќе биде по ХАСАП стандардите. Изведувач на проектот е градежната фирма “Гранит” од Скопје со која е потпишан договор во износ од 95.027.336 денари без вклучен ДДВ. Според најавите од Општината , проектот се очекува да биде завршен наредното лето ( 2015 година). [Пристапено на: 23.03.2015]

 

 

Линкови:

 

Оценето од: Милена Јосифовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција