Арбен Таравари – Градоначалник на Гостивар

Фото: веб сајт на Општина Гостивар

Општина Гостивар од крајот на 2017 година има нов градоначалник Арбен Таравари

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Роден е на 9 април 1973 година во Гостивар. Оженет е и татко на две деца. Говори албански, македонски, турски, англиски и српски јазик.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно образование завршил во Гостивар. Завршил средно медицински училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје, а од 2002 до 2003 година бил професор по микробиологија и невропсихијатрија.

Во 1998 година дипломира на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а во 2006 година заврши специјализација за неврологија на Универзитетската клиника за неврологија. Втората специјализација за семејна медицина на Медицинскиот факултет, Универзитет “Свети Кирил и Методиј”, ја заврши во 2011 година.

 

КАРИЕРА

Д-р Арбен Таравари е невролог со долгогодишно искуство во Универзитетската клиника за неврологија Скопје.

За време на неговото работно искуство, д-р. Арбен Таравари бил претседател на одборот на Одделот за екстрапирамидални болести – Универзитетска клиника за неврологија;

Раководител на одделението за мигрена, главоболки и други синдроми, Универзитетска клиника за неврологија;

Претседател e на одборот, Клиника за неврологија, Универзитетска клиника за неврологија, како и член на одборот на медицинското списание “Меdiicus” и “Vox Medici”.

Објавил повеќе книги и научни трудови меѓу кои: „Мигрени, главоболки и болни синдроми“ (2016), „Практикум по неврологија“ (2014), Клинички и генетски наоди кај болни со идиопатска Паркинсонова болест докторска дисертација (2011), Клиничко-епидемиолошка студија на паркинсонизмот во Скопје: магистерски труд (2006), Фармако тераписки прирачник (2006)…

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Поновата политичка кариера на Таравари започнува со Алијансата за Албанците – политичка коалиција на сега истоимената партија предводена од претседателот Зијадин Села, претставена во ноември 2016 година, а за генерален секретар е избран Арбен Таравари. Алијансата на изборите освои три пратенички места, меѓу кои тоа и Таравари.

На 1 јуни 2017 година беше назначен за министер за здравство во Владата на Република Македонија, функција која ја вршеше до 31.10.2017 година

Д-р Арбен Таравари, на функцијата градоначалник на Гостивар дојде на 02.11.2017 година, по победата на локалните избори од 29.10.2017 година, победувајќи го неговиот претгходник од ДУИ Невзат бејта

 

ИЗВОРИ:

 

 

.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.