Асфалтиран и осветлен e центарот на с.Форино, Гостивар

Проектот ветен во 2014 година за да се асфалтира и да се осветли центарот на село Форино, кој што опфаќа површина од оклу 620 м2, е исполнет

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Уредувањето на центарот на гостиварското село Форино беше ветено во Изборната платформа на Демократската унија за интеграција, за изборите во 2014 година (страна 258). Беше предвидено проектот да се реализира во рамките на програмата на Oпштина Гостивар за 2014 година. Со овој проект беше предвидено да се асфалтира и да се осветли центарот на село Форино, кој што опфаќа површина од оклу 620 м2. Рокот за завршување на работите беше 2015 година. Проверено во јануари годинава,(18.01.2017), може да се констатира дека ова ветување е исполнето.

Aсфалтирањето на центарот на село Форино почнало во декември 2014 година. Со асфалтирањето беше опфатена површина од 620 м2, а претходно веше предвидено и поставување на бекатонски плочки (90 м2) за разубавување на центарот. При започнувањето на работите беа присутни претставници на месната заедница на селото и општински советници.

„Работите се одвиваат уредно и се надевам дека во текот на денот ќе завршат. Тоа што го ветивме пред граѓаните, тоа и се реализира“. (ТВ Глоби, 08.12.2014)

До 26 декември 2014 г. успеа да се асфалтира површината од 620 м2. Истотака, беше поставено и ново улично осветлување, а беше поправено и постоечкото. Среде село е изграден и еден т.н. „остров“ кој што е поплочен со бекатонски плочки.

Градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта, заедно со пратеникот од областа, воедно и претседател на месната заедница на село Форино, Талат Џафери, општинскиот советник, Фатон Исмаили, и жители на селото, направија увид одблиску на инвестициите за уредување на центарот на селото.

Тука е направено уредување на центарот на селото и осветлување на овој простор, бидејќи тој служи за одржување на културни и политички активности за жителите на Форино. Овој проект чинеше 1 милион денари или 17 илјади евра. (Служба за информирање – Општина Гостивар, 26.12.2014)

Центарот на гостиварското село Форино, беше проект на општина Гостивар, кој што беше ветен дека ќе се реализира до 2014 година. Досега (20.12.2016) ова ветување е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

Оцени: Рабије Абази

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција