Асфалтиран локалниот пат во село Одри

Асфалтираниот пат во село Одри. Фото: Општина Теарце

 

Проект: Реконструирање на локалните патишта и тротоари во селата на Oпштина Tеарце – село Одри (2013-2016)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Асфалтирањето на локалниот пат во село Одри,  е исполнето ветување на градоначалникот на Општина Теарце, Исен Асани, дадено во предизборната платформа „Заедно Градиме“ за локалните избори 2013, како дел од проектот за реконструкција на локалните патишта во Општина Теарце.

Во врска со реализацијата на овој проект од Општина Теарце, на 14 октомври 2016 изјавија:

Денеска 14 октомври 2016, градоначалникот на Општина Теарце, Исен Асани потпиша договор со компанијата „Пелагонија“ за асфалтирање на локалниот пат во село Одри и изградба на тротоарите на регионалниот пат Тетово- Јажинце ( Почнувајќи од село Теарце до Слатино). Вкупната капитална вредност на овој проект е 13.936.088,00 денари без ДДВ.

Овој проект е финансиран од ИПА грантовите на Европската Унија и се администрира според правилата на Светска Банка, преку Министерството за Финансии, програмата MSIP-IPA-NCB-081-16 во соработка со нашата Општина. Овој проект е еден од најбитните капитални проекти кои Општина Теарце ги реализира во патната инфраструктура во селата на Општина Теарце. Теренските работи ќе почнат кон крајот на другата недела, а се очекува да завршат во роковите предвидени во документацијата.

За почетокот на градежните работи  на патот во селото Одри медиумите информираа една година подоцна, на 23 февруари 2017, а изјава даде и градоначалникот Асани:

Овој проект е многу битен за граѓаните на Одри како долгорочно барање на жителите.  Оваа улица за еден месец ќе изгледа сосема поинаку. Градежните работи ќе ги изведува компанијата „Пелагонија“, со помош на фондови од Свестката Банка, програмата MSIP-IPA-NCB-081-16 во соработка со нашата Општина.

За асфалтирањето на локалниот пат во село Одри надлежните информираа  во Билтенот на Општина Теарце за  април/мај 2017 година, каде се дадени  детали и фотографии од реализираниот проект.

Општина Теарце исполни уште едно ветување дадено пред граѓаните на село Одри, го асфалтираше главниот пат со должина од 2 километри и ширина од 4,5 метри. Инвестиција финансирана со фондови  за руралните општина на Светската Банка, според компонентата МСИП ИПА-фондови. Целосната вредност на проектот, заедно со тротоарите од село Слатино до Теарце е: 226.500,00 евра. Градежните работи се извршени од градежната компанија „Пелагонија“- Гостивар.

Имајќи ја  предвид направената проверка, може да се заклучи дека ветувањето на градоначалникот на Општина Теарце за „Реконструирање на локалните патишта и тротоари во селата на општината“- село Одри (2013-2016), е исполнето.

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција