Асфалтиран патот Арачиново – Грушино

bdi-large

Ветување: Асфалтирање на патот Арачиново-Грушино (Изборна платформа на Демократската унија за интеграција за изборите во 2014 година, Рок 2015 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Aсфалтирањето на патот кој што го поврзува село Грушино со регионалниот пат на општина Арачиново, беше проект кој што беше ветен од страна на општината Арачиново. Проектот беше дел од Изборната платформа на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за изборите во 2014 година. Како рок за завршување на работите беше одредена 2015 година. Досега (проверено на почеток на февруари 2017 година), проектот “Aсфалтирање на патот до село Грушино“ е исполнет.

Работите за асфалтирање на патот до село Грушино започнале на 20.08.2015

Започнаа и работите на патот до село Грушино, каде што движењето на моторните возила беше отежнато (во должина од 850м). Направено е тампонирање на патот и отворени се страничните канали и за многу кратко време ќе се асфалтира овој дел од патот во должина од 850м (Извор: Служба за информирање – Општина Арачиново, 20.08.2015)

Работите за асфалтирање на патот до село Грушино траеја до 19.12.2015.

Ние денеска вршиме инаугурација на патот со должина од 2.5 километри, пат кој што е изграден во соработка со Фондот за рурални патишта и Агенцијата за рурален развој. Успеавме навреме да ги завршиме работите и навреме да го пуштиме во употреба овој пат, и тој е од полза за жителите на Арачиново, бидејќи ги поврзува со регионалниот пат – изјави градоначалникот на општина Арачиново, Брахим Ајвази(Извор: TетоваСот, 19.12.2015)

 

Aсфалтирањето на патот Арачиново-Грушино беше проект кој што започна и заврши во предвидениот рок. Затоа, според методологијата на Вистиномер можеме да заклучиме дека ова ветување е исполнето.

ИЗВОРИ:

⦁ Изборна платформа на Демократската унија за интеграција за изборите во 2014 година;
⦁ |20.08.2015| Почна асфалтирањето на патот Арачиново – Грушино (Информативна служба – општина Арачиново, пристапено на: 03.01.2017)
⦁ |19.12.2015| Инаугурирани две нови патишта во општина Арачиново (TeтоваСот, пристапено на: 03.01.2017)

Оцени: Рабије Абази


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *