Асфалтиран патот во село Балиндол

Градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта при отворањето на новата улица во Балиндол. Фото: Општина Гостивар

 

Проект: Aсфалтирање на патот од центарот на село Балиндол до железницата/Гостивар,

(Рок за реализација: 2014-2017, Вредност: 1 милион денари)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: 

Aсфалтирањето на главниот пат на селото Балиндол беше ветено во Изборната платформа на Демократската унија за интеграција, страна 260/137. Како последен рок за асфалтирање на овој пат беше поставена 2017 година. Досега (19.11.2016), ветувањето за асфалтирање на патот во селото Балиндол е исполнето. 

‘Ќе се реасфалтира една од главните улици на село Балиндол‘, ова го имаше изјавено градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта на 10.06.2016, додека го следеше одблиску одвивањето на работите.

„Уредувањето и асфалтирањето на патот беше предизборно ветување кое што им го ветив на жителите на Балиндол… Патот е долг 1440 метри, а широк 3 метри. Ќе чини 5 милиони и 260 илјади и 681 денар. Фирмата која што го доби тендерот е фирма со голема традиција и верувам дека во предвидениот рок, и според стандардите кои што го бара меѓународната заедница, овој пат ќе биде готов за да биде пуштен во употреба„. (Извор: TВ2 Гостивар, 10.06.2016)

Работите продолжија до 23.07.2016. На овој ден, градоначалникот на Општина Гостивар, Невзат Бејта, во придружба на неговите соработници, учествуваше на инаугурацијата на овој пат. Бејта кажа дека асфалтираниот пат е долг 1400 метри, а широк три метри.

Патот е изграден во предвидениот рок и со модерни услови. Пред да се асфалтира патот, со цел да се заокружат работите на подолг рок, ја реконструиравме и канализациската мрежа. (Извор: TВ2 Гостивар, 23.07.2016)

Aсфалтирањето на патот во село Балиндол, според тоа што можеме да го утврдиме, е реализиран во ветениот рок. Според методологијата на Вистиномер, можеме да заклучиме дека досега (19.11.2016), ветувањето за асфалтирање на патот од село Балиндол до железницата, е исплонето. 

 

ИЗВОРИ:

Оцени: Рабије Абази


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.