Отвореноста на извршната власт во Македонија драматично се подобрува

Отвореноста на власта која може да се измери преку конкретни индикатори е еден од клучните апсекти на секое општество кое сака да се класифицира како демократија. Преку регионален проект воден од Метаморфозис фондацијата, во изминатите…

Контраспин: Верниот македонски народ е слободомислечки, Владико!

Агатангел, иако својот живот го посветил на Бога и на Црквата, се разбира, е и граѓанин на Република Македонија со свое гласачко право. Тој, како и секој друг граѓанин, особено ако е јавна личност, има право да изнесува јавно свои ставови…

Само Обвинителството може да оцени дали околу грантовите имало прекршување на законите

Премиерот Зоран Заев со својата изјава – оценка за тоа што се случувало во позадина на скандалот околу доделувањето на грантови од државата за 79 компании во Република Македонија, всушност, даде недоследна изјава

МЗ направило „грижлива анализа на фактите“ за тендерот за помалку од 24 часа!?

Недоследноста во изјавата на д-р Филипче е во тоа што во првата изјава вели дека Министерството сè уште не ја евалуирало понудата (изјавата е дадена во недела, неработен ден), додека во втората изјава (понеделник, претпладне), Филипче вели…

Воведени се мерки за помош на лица со телесна попреченост

СДСМ во предизборната програма „План за живот“ од декември 2016 година во делот за социјалната заштита ги споменува и лицата со попреченост: Ќе воспоставиме функционална мрежа на институции за социјална заштита блиски до…

Условеноста не го менува фактот – има покана и датум и за во НАТО и за во ЕУ

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ изнесен преку портпролот Наум Стоилковски за тоа дека македонската дипломатија крахирала и дека Македонија не станува членка на НАТО и нема датум за преговори со ЕУ е невистина

Владата само делумно го зголеми буџетот за рамномерен развој

Партијата на власт СДСМ даде ветување за кое се обврза дека ќе го исполни во првата година од власта и за кое констатираме дека е само делумно исполнето: Намалувањето на разликите на развиеност на регионите ќе биде наш приоритет.…

Контраспин: Петте струмички студенти, петте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Барањето за амнестија може да биде поставено, но само откако сите ќе дознаеме што навистина се случи на 27 април 2017 година. А, да се споредуваат тие настани, петте обвинети пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и петте стрелани струмички студенти во…

Партиципација за болничко лекување сè уште плаќаат мнозинството граѓани

Владејачката партија СДСМ во предизборието на парламентарните избори во 2016 г. даде ветување во својата партиска програма дека ќе се укине секаква партиципација за болничко лекување во првите шест месеци – нешто што досега не е исполнето.

Во Кисела Вода редовно се чистат депониите и одводните канали

Градоначалникот на Општина Кисела Вода во предизборието на последните локални избори (октомври 2017) го даде следното ветување: Се обврзавме постојано и навремено да ги чистиме депониите и каналите…, ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:…

МВР за „Вистиномер“: Центар за странци ќе се гради, но само како замена за постоечкиот во Гази Баба

По проверката на тврдењата што ги изнесе ВМРО-ДПМНЕ и некои медиуми, дојдовме до потврда на веста дека нов објект за прифаќање на странци ќе се гради, но тоа не значи и нов, втoр центар, туку станува збор за замена на постоечкиот, руиниран…

Нема суштински промени кај вработувањето „на определено“

Во однос на ветувањето дека ќе се ограничи времетраењето на Договорите за вработување на определно време, нивно врзување со работното место, а не со извршителот и особено ветувањето дека договорот на определно после 6 месеци ќе мора да се…

Нема субвенции за камати за кредит за стан за млади брачни парови

Во предизборната програма на СДСМ за изборите во 2016 година, е наведено и следното ветување кое не е исполнето: Ќе ја субвенционираме каматата од кредитите подигнати за купување на стан на млади брачни парови. …

Димитров: Со договорот со Грција идентитетот е заштитен, а јазикот признат и од ЕУ

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, во интервју за ТВ Сител даде изјава/оценка за договорот со Грција во делот за заштитата на идентитетските прашања за Македонија и граѓаните на земјава, што ја…

КОНТРАСПИН: Достоинството е одамна доведено во прашање од нашите корумпирани политичари

Иванов има право да оценува квалитет на некаков договор, но нема право да подметнува спинови со зборови патриотизам и достоинство, а да не ги информира претходно граѓаните кој тоа навистина им го одземал достоинството во изминатите 25-27…

Вистина е дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи клучниот закон за медиумите

Измените во ЗААВМУ се подготвуваат уште од времето на т.н. Пржински процес од 2015-2016 година, кога тогашните четири водечки парламентарни партии разговараа за овие измени, бидејќи полето на медиумите беше означено како критично за…

Сѐ уште не може да се основа трговско друштво со основачки влог од едно евро

Со оглед на тоа што нема промени во Законот за трговски друштва во насока на дополнувања за формирање на трговско друштво со едно евро основачки влог, може да се констатира дека ветувањето дадено во предизборната програма на СДСМ не е…