Бесплатен паркинг во општина Центар?
За време на седницата на Советот на општина Центар одржана на 08 октомври 2013 година, советничката од редовите на ВМРО – ДПМНЕ Даниела Рангелова изјави дека во изборната програма на поранешниот градоначалник на општина Центар и кандидатат за градоначалник на локалните избори во 2013 година, Владимир Тодоровиќ, било предвидено да се воведе бесплатно паркирање на територијата во Општина Центар. Спротивно на тоа, актуелниот градоначалник на општината, Андреј Жерновски, истото го демантираше. По деталното прегледување на целокупната предизборна програма на Тодоровиќ, може да се заклучи дека во неговата програма на ниедно место не е предвидено воведување на бесплатен паркинг во општината Центар. Единствено нешто што е предвидено е бесплатен паркинг за лицата со инвалидност (види фотографија), но не и бесплатен паркинг на останатите граѓани.
Според тоа, може да се заклучи дека изјавата на советничката Рангелова е невистинита, во предизборната програма на Владимир Тодоровиќ не беше предвидено бесплатно паркирање на територијата на општина Центар.
Линкови:
- CentarNews.net (08.10.2013): Рангелова фатена во лага?! [Пристапено на 10.10.2013]
- Изборна програма на Владимир Тодоровиќ за локалните избори 2013 година
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар