Благој Бочварски
Благој Бочварски е градоначалник на Општина Штип
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Благој Бочварски е роден на 09.01.1985 година во Штип.
ОБРАЗОВАНИЕ
Основното и средно образование ги завршил во Штип, а дипломирал на Архитектонскиот факултет при универзитетот Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Зборува англиски јазик. Одлично ги познава програмите Auto Cad и Archi Cad и има сертификат за користење на програмот 3DS Max.
КАРИЕРА
Од 2011 до декември 2016 година работи во градежната компанија „Пелагонија инженеринг“ Штип како дипломиран инженер архитект.
На предвремените парламентарни избори во декември 2016 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија.
На локалните избори во октомври 2017 година е избран за градоначалник на Општина Штип.
ИЗВОРИ
Веб-страница на Општина Штип: Градоначалник/Биографија
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар