Благоја Илиев

Благоја Илиев, фото - Општиа Конче, вебсајт

 

Градоначалник на Општина Конче од октомври 2017 година, по победата на локалните избори

 

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Илиев е роден на 8-ми август 1985 во Радовиш. Оженет е, и е татко на две малолетни деца.

 

ОБРАЗОВАНИЕ:

Средното образование го завршил 2004 година во Државното средно економско-правно училиште  ,,Васил Антевски – Дрен“ во Скопје. Потоа запишува студии по право на Правниот факултет – ,,Јустинијан Први’’ при универзитетот Св. ,,Кирил и Методиј“-Скопје, при што во 2009 година се стекнал со звање дипломиран правник. Активно зборува англиски јазик.

 

КАРИЕРА

Од 2010 до 2017 година Благоја Илиев за занимава со приватен бизнис. Тој е управител на компанијата ДАБАС ДООЕЛ со седиште во село Дедино. Дејноста на компанијата е меѓународен и внатрешен превоз на стоки.

Во 2017 година е кандидиран од Социјал демократскито сојуз на Македонија за градоначалник на една од најсиромашните општини во Македонија – Конче, чие население главно живее од тутнопроизводството. Тој ја освојува довербата на граѓаните и од октомври ја презем функцијата градоначалник.

Неговите приоритетни ветувања се обезбедување чиста вода за пиење преку нови бушотини и бунари за селата во општината и реконструкција на постоечки водовод, довршување на фекална канализациска мрежа и изградба на атмосферска за главните улици, пошумување и управување со депонијата, како и развој на земјоделието во општината, преку уредување на каналите за вода.

 

ИЗВОРИ:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.