Блерим Беџети

Блерим Беџети е градоначалник на Општина Сарај

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Блерим Беџети е роден на 16 октомври 1976 година во село Глумово, Скопско.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Беџети дипломирал на Правниот факултет на Приштинскиот универзитет.

 

КАРИЕРА

Помеѓу 2002 и 2005 година работел во Министерството за правда на Република Македонија.

Од 2006 до 2009 година бил пратеник во Собранието на РМ. Во периодот 2006-2008 година  бил член на Законодавно-правната комисија и Комисијата за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање. Од 2008 до 2009 година бил претседател на Комисијата за  локална самоуправа.

Од  2009 до 2011 година бил градоначалник на Општина Сарај, а  во периодот од 28 јули 2011 до 19 јуни 2014 година бил министер за правда.

На  локалните избори во октомври 2017 година  е избран за градоначалник на Општина Сарај.

ИЗВОРИ:

Википедија: Блерим Беџети

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција