Борче Стамов

Борче Стамов е градоначалник на општина Дојран. Функцијата ја врши од април 2013 година.

Борче Стамов е градоначалник на општина Дојран. Функцијата ја врши од април 2013 година.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Борче Стамов е роден на 3 мај 1985 година во Тетово, а израснал во Дојран.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно образование завршил во Дојран, а средното во 2003 година, во гимназијата „Јосиф Јосифовски“ во Богданци. Истата година ги почнал студиите на Економскиот универзитет во Варна, каде во 2007 година се здобил со титула дипломиран економист по меѓународни економски односи.

Говори одлично англиски и се служи и со француски и руски јазик.

 

КАРИЕРА

По дипломирањето во 2008 година, се вработил во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, првин во секторот за јавна дипломатија, а подоцна, во рамки на секторот за односи со јавноста, како портпарол на МНР.

Од мај 2008 до септември 2009 година е претседател на Управниот одбор на ЈПВХС „Дојранско Езеро”.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Од април 2009 до мај 2011 година е член на Советот на општина Дојран.

Во 2013 година, на локалните избори, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, е избран за градоначалник на општина Дојран.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на ЗЕЛС – Гласило април 2013

Борче Стамов – Биографија

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција