Дамјан Манчевски

На 31.05. 2017 година Дамјан Манчевски е избран за министер за информатичко општество и администрација во Владата на Република Македонија.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Дамјан Манчевски е роден на 27.01.1978 година во Скопје. Оженет и татко на две деца.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

 Дамјан Манчевски дипломирал 2005 година на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, насока Електротехника и телекомуникации.

Зборува англиски и српско-хрватски јазик.

 

КАРИЕРА

На предвремените парламентарни избори 2016 година беше избран за пратеник во Собрнието на Република Македонија.

Во периодот 2013 – 2016 година Манчевски бил член на Советот на Градот Скопје

Во периодот од 2009 до 2016 година и од 2006 до 2007  година бил извршен директор на ЕММЕТРОН ДООЕЛ Скопје

Ве периодот од октомври 2005 до февруари 2006 година работел како инженер за радиофреквенции во Агенцијата за електронски комуникации.

Од 2002 до 2004 година бил член на Одборот за материјалнофинансиска контрола на ЈП Водовод – Скопје.

Од 2002 до 2003 година бил раководител на Сектор за млади во Агенција за млади и спорт на Република Македонија во периодот. Воедно бил и претставник на Владата на Република Македонија во Програмскиот комитет на Европската младинска фондација во Советот на Европа во истиот период.

Од 2000 до 2002 година бил претседател на Одборот за материјалнофинансиска контрола на ЈП Дрисла – Скопје.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Дамјан Манчевски е потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Во 2015 година е избран за Шеф на Изборниот штаб на СДСМ за изборите во 2016 година.

Во јуни 2013 година Манќевски е избран за потпретседател на Централниот одбор на СДСМ;

Од 2009 до 2013 година  бил член на Централниот одбор на СДСМ во периодот;

Од 2006 до 2009 година  бил член на Извршниот одбор на ЦО на СДСМ;

Од 2007 до 2009 година и шеф на Кабинетот на претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија во периодот од 2007 до 2009 година;

Од 2001 до 2003 година бил потпретседател на Социјалдемократската младина на Македонија;

Од 1999 до 2003 година бил портпарол на СДММ;

Од од 1999 до 2001 година  бил член на Извршниот одбор на СДММ;

Од 2001 до 2003 година Манчевски бил Балкански координатор на Интернационалнатаунија на социјалистички и социјалдемократски подмладоци.

Манчевски бил и член на партиската Комисија за меѓународна соработка во периодот од 2000 до 2009 година.

Во 2009 се стекнува со Сертификат Chevening Felloowship на постдипломските студии на Универзитет Бирмингем – Обединето Кралство.

Во 2007 година Обука за градење на добро организиран ПР тим во организација на Фондацијата Алфред Мозер.

Обуки

Во 2006 година Обука за ПР и организација на ефикасна партиска инфраструктура во Меѓународниот републикански институт.

Во 2003 година бил учесник во програмата US Department of State International Visitors Program „Младиевропски лидери и политиките на САД за актуелните политички, економски и социјални прашања“.

Во периодот од 2003 до 2004 година учествувал во „Школа за идни политичари“ во организација на Фондациите Фридрих Еберт и Алфред Мозер.

Во 2002 година Тренинг за политичка кампања во организација на Националниот демократски институт

Во 2001 година посетува Тренинг за медиумски настап во организација на Националниот демократски институт..

Во 2001 година Тренинг за медиумски настап во организација на Renner Institute Vienna.

ИЗВОРИ

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.