Делумно спроведена легализацијата на бесправните објекти во Кисела Вода

vmro-dpmne-logo

 

Проект: Заокружување на процесот на легализација на бесправно изградени објекти Воспоставување урбанистички ред при изградбата на нови објекти и интензивирање и заокружување на процесот на легализација на дивоградбите. Општината ќе обезбеди поддршка за граѓаните кои ќе ги легализираат објектите, односно околу 12.000 објекти. Во таа насока, ги покануваме граѓаните да се вклучат активно во финализирањето на потребната документација и да ја достават во најкраток можен рок. (Рок: континуирано до завршување на процесот за легализација.)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалничката на Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ, како кандидат за градоначалник на Општината во 2013 година, меѓу другото, вети и заокружување на процесот на легализација на бесправно изградените објекти, проект што треба да трае континуирано сè до завршување на процесот, кој засега е само делумно исполнет.

Во моментот кога ова го ветува во предзиборната кампања (Изборна програма на Беличанец-Алексиќ стр.38 во поглавјето Урбанизам и животна средина), кандидатката и подоцнежна градоначалничка и нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ, располагаат со податок дека во Кисела Вода има вкупно околу 12 илјади нелегализирани и бесправно изградени објекти. Од медиумите може да се види дека вкупниот број изнесувал 11.872 дивоградби.

Исто така, од медиумите може да се види дека во моментот кога се кандидидрала градоначалничката, процесот, иако во зачеток, веќе течел и веднаш продолжил откако била избрана. За тоа сведочат следниве написи и прилози објавени на МКД, на  Порта 3, на Нетпрес, и други.

Но, во реалноста, бројката излегла поголема, близу 14 илјади нелегализирани објекти. Тоа го дознаваме од самата градоначалничка во нејзиниот Отчет издаден неодамна и транспарентно поставен на веб страницата на Општината.

До Секторот урбанизам, се пристигнати 13.855 барања. Од нив 1734 пристигнаа во продолжениот рок за доставување што го дозволи Владата на РМ…, пишува во Отчетот.

Од истиот документ дознаваме дека Општината се доекипирала кадровски и технички да излезе во пресрет на што поголем број граѓани, по што стигнале до ниво на по 50 издадени решенија на неделно ниво.

Сепак и покрај ваквата динамика градоначалничката вели дека до моментот кога е издаден Отчетот, (август 2017-н.з.), се решени само околу 40 отсто од барањата.

По сите преземени технички мерки бројот на легализирани дивоизградени објекти е 5561, односно се решени околу 40 отсто од барањата. Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат во овој момент изнесува 2646. Исто така изготвени се уште 199 урбанистички согласности, од кои за 183 се чека уплата на надоместокот за постапката за изготвување на решенијата за легализација да може да продолжи – вели градоначалничката

Овие бројки се совпаѓаат и со објавите вомедиумите, бидејќи ТВ Сител на крај од 2016 година известил дека биле издадени решенија за легализација на 5130 дивоизградени објекти.

Според податоците, јасно е дека во мандатот од 2013 до 2017 година, градоначалничката и секторите во Општина Кисела Вода успеале само делумно да го исполнат предизборното ветување и дека сè уште има огромен број на барања кои треба да се решаваат во мандатот на некој иден градоналаник.

 

ИЗВОРИ:

Оценил: Тео Блажевски

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *