Денеска е Меѓународен ден на проверка на фактите

Скопје, 2 април, 2018 – 14:41 (META)  Меѓународната мрежа за проверка на фактите во соработка со сродните организации од целиот свет денеска го одбележуваат Меѓународниот ден за проверка на фактите.

„Веруваме дека проверката на фактите не е работа со која треба да се занимаваат само професионалци, туку за прецизен информациски екосистем секој треба да го даде својот придонес“, порачуваат од Меѓународната мрежа за проверка на фактите.

Дел од оваа мрежа е и Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, која активно учествува преку своите два проекти: „Вистиномер.мк“, кој е фокусиран на изјавите и на ветувањата на државните и локалните функционери и на политичките актери, како и „Сервисот за проверка на факти од медиумите“, кој главно се занимава со утврдување на фактите во медиумските содржини.


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *