Диме Спасов

 

Диме Спасов е поранешен министер за труд и социјална политика во Владата на Република Македонија и актуелен заменик-министер во Министерството за труд и социјална политика.

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Диме Спасов е роден на 7 мај 1985 година во Скопје. На 18 октомври 2014 година стапува во брак со Бојана, со која имаат едно дете, Лука.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Во 2009 година дипломирал на Правен факултет „Јустинијан Први“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. Во моментот е магистрант по деловно право.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

септември 2016- Стапува на функцијата дополнителен заменик министер за труд и социјална политика во Владата на Република Македонија.  Функцијата

мај 2016 – Повторно застанува на функцијата Министер за труд и социјална политика.

11 ноември 2015 – Станува дополнителен заменик министер за труд и социјална политика во Владата на Република Македонија, според договорот од Пржино од јули таа година.

јуни 2014 – Реизбран на функцијата министер за труд и социјална политика во Владата на Република Македонија

мај 2014 – Пратеник во Собранието на Република Македонија, мандатот му е верификуван на 10 мај 2014 година.

мај 2013 – Министер за труд и социјална политика

декември 2012 до мај 2013 – Помошник на директорот на Агенција за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности Скопје

2011-2012 – Државен секретар во Министерство за правда на Република Македонија

2010-2011 – Директор на Агенција за млади и спорт

2009-2010 – Заменик директор на Јавно претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор на Република Македонија-подрачна единица Скопје

2006-2009 – референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија (на ова работно место бил додека студирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје).

Диме Спасов е активен член на ВМРО-ДПМНЕ. Од февруари 2011 до октомври 2013 ја извршува функцијата претседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

ИНЦИДЕНТОТ СО СООБРАЌАЈКАТА

Диме Спасов е најзапаметен по инцидентот од 29 октомври 2016 година, за кој беа давани спротивставени приказни. Беше напаѓан дека бил пијан па предизвикал сообраќајка и се обидел да избега, по што се обидувал да избега од полицијата која сакала да го легитимира. Се пласираше и друга приказна, дека наводно бил бркан од припадници на скопското подземја, па бегајќи од нив ја предизвикал сообраќајката, односно удрил во неколку паркирани автомобили во скопската населба Тафталиџе.

Инцидентот беше „дозачинет“ со фактот дека неговиот личен возач и неговата сопатничка во СУВ-возилото со кое управувал Спасов (тоа не беше неговата сопруга) најмалку двапати ги менуваат исказите пред полицијата.

 

ИЗВОРИ

(11.11.2015) Макфакс – Спасовски и Ременски официјално станаа министри

Тајм – Диме Спасов сообраќајка

Тајм – Се ожени министерот Диме Спасов

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција