Додатокот за лицата со посебни потреби продолжува по автоматизам по 26 -та година

Фото: pxhere.com

 

Ќе обезбедиме правото на посебен додаток до 26 година по автоматизам да премине во право на помош и нега од друго лице (што иако е предвидено во Законот за социјална заштита, во пракса не функционира)

[Извор: Изборна програма на СДСМ, (2016), „План за живот во Македонија“ (стр.216); датум: декември 2016]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на  СДСМ дадено за предвремените парламентарни избори (декември 2016 г.), дека во првите шест месеци од мандатот  ќе се овозможи правото на посебен додаток до 26 година по автоматизам да премине во право на помош и нега од друго лице “,  е исполнето.

Споменатото  ветување на социјалдемократите  е посочено  во нивната изборна програма: „План за живот во Македонија“ , рамките на „Планот 180 – итни реформски приоритети на новата Влада во првите 6 месеци“ ( стр.216), а го има  и во Програмата за работата на Владата ( 2017-2020 г.) на стр.11

Законските се измени со кои се овозможи лицата со посебни потреби по автоматизам да продолжат да ги остваруваат правата (посебниот додаток и бесплатното лекување) и по навршување на 26 години, беа усвоени во Собранието  на 9 ноември 2017 година. Овие измени и дополнување на Законот за заштита на децата, според кои децата со посебни потреби по навршување на 26 години од животот не треба повторно да одат пред лекарски комисии за да им се потврди дијагнозата дека се со попреченост, беа објавени во „Службен весник“ на 14 ноември 2017 година, стапија во сила осум дена подоцна, а нивната примена започна од први јануари 2018 година.

Во април  минатата година (2018) министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на  прес – конференцијата на која информираше за реализацијата на програмските цели во периодот јуни 2017 – април 2018 година, меѓу другото,  кажа дека:

Правото на посебен додаток до 26 година по автоматизам преминува во право на помош и нега од друго лице; 

Истото  е посочено и во  Отчетот  за работата на Владата во првата година од нејзиниот мандат (стр.33),  презентиран на 30.05.2018 година.

Имајќи ги предвид презентираните информации објавени  во медиумите, на официјалните веб-страници на МТСП и на Владата, како и во „Службен весник“,   ова изборно ветување на СДСМ го сметаме за исполнето.

 

 ИЗВОРИ:

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција