Договорот за името нема никаква врска со македонските православни гробишта

Солза Грчева Фото: Принтскрин А1ОН

Оваа изјава на професорката Солза Грчева во која ја критикува Владата предводена од СДСМ, дека поради Договорот со Република Грција граѓаните ќе бидат спречени да се погребуват на македонските православни гробишта, е невистина

 

Универзитетската професорка и лидер на „Глас за Македонија“, Солза Грчева, деновиве (18.06.2018), говорејќи на протестот против постигнатиот Договор со Грција за прашањето со името, го искажа и следниот став што го сметаме за невистинит.

Сакаат да не се погребуваме на македонските православни гробишта, но ние нема да го дозволиме тоа

[Извор: А1 ОН, датум: 18.06.2018]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Оваа изјава на професорката Солза Грчева во која ја критикува Владата предводена од СДСМ, дека поради Договорот со Република Грција граѓаните ќе бидат спречени да се погребуват на македонските православни гробишта, е невистина.

Ако се погледне Договорот со кој се решава повеќедеценискиот спор за името, кој денеска (20.06.2018) беше ратификуван и во Собранието на РМ, а Владата на својата веб-страница го објави пред една недела, може да се види дека во него нема ниту една одредба што предвидува граѓаните да не се погребуваат на македонски православни гробишта, како што вели Грчева.

Наспроти нејзиното тврдење, ова прашање воопшто не се споменува во овој документ со кој новото име на државата е „Република Северна Македонија“,за севкупна употреба со превод на сите јазици . Фактички, Договорот со Република Грција нема никаква допирна точка со македонските православни гробишта.

Така што, изјавата на Грчева е неточна, таа ја дезинформира јавноста и сосема непотребно дополнително ја електризира атмосферата меѓу граѓаните, независно што професорката, веројатно, тоа го кажува во функција на собирање политички поени.

 

ИЗВОРИ:

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.