Доцни реконструкцијата на улицата „Маџари“

Комплетното завршување на една од најфреквентните улици во Гази Баба ќе се пролонгира до 2017 година Фото: Принтскрин (Нова Македонија)

 

Ќе се реконструира улица „Маџари“ од Методија Андонов Ченто до надвозникот во Маџари. (Рок на изведба: 2014-2015 година  )

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

 

Проектот: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „МАЏАРИ“ градоначалникот  Коце Трајановски го вети во неговата Изборна програма „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Скопје!“ , (во делот Урбанизам, булевари, мостови стр. 57), со која излезе на локалните избори во 2013 година.  Иако, рокот за реализација посочен во програмата на Трајановски (2015)  е поминат, сепак,  досега (22.05.2016) ово ветување е само делумно исполнето. Реконструкцијата на оваа улица почна минатото лето (2015), таа се одвива во две фази и според првичните најави од градските власти, поради обемот и сложеноста на проектните задачи, за реализација на  двете фази се предвидени дваесет месеци (2017).

Градежните работи за проширување на улицата “Маџари”, во Општината Гази Баба, стартуваа на 18.06.2015 година, а почетокот го означија тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ,  Никола Груевски и градоначалниците на Скопје и на Општина Гази Баба,  Трајановски и Тони Трајковски.

 Почнува големиот проект за реконструкција и проширување на улицата „Маџари“. Проектот предвидува улицата да добие четири сообраќајни ленти, нови тротоари, велосипедска и пешачка патека, ново осветлување, а во исто време ќе се постави и нова атмосферска канализација, со што ќе се влијае на надминување на проблемот со атмосферските води. (Груевски).

Трајановски тогаш информираше дека овој проект ќе се реализира во две фази. Во првата фаза улицата „Маџари“ ќе се реконструира на потегот од крстосницата со улицата „Јужноморавски бригади“ до улицата „Палмиро Тољати“ во должина од 666 метри. ­А втората фаза ќе  се одвива  до улицата „Палмиро Тољати“ до надвозникот во Маџари, но откако ќе се расчистат имотно правните односи

Со проширувањето, оваа тесна и нефункционална улица ќе добие четири сообраќајни ленти со ширина од по 3,25 метри (по две ленти во секоја насока) и нови тротоари покриени со бекатон-плочки. Од левата страна на улицата „Маџари“, гледано кон надвозникот, ќе се формира велосипедска патека со ширина од три метри и пешачка патека со ширина од 1,5 метар. Од десната страна на оваа улица ќе се формира пешачка патека со ширина од два  метра. На новопроширената делница ќе се постави и ново улично осветлување. Градежните работи за проширување на улицата „Маџари“ на овој потег ќе се искористат за да се постави нова атмосферска канализација на потегот од раскрсницата на улицата „Јужноморавски бригади“ со улицата „Методија Андонов Ченто“ до надвозникот во Маџари, којашто ќе го реши долгогодишниот проблем со одведувањето на атмосферските води.  (Трајановски).

Во Отчетот  на Трајановски за минатата година (стр.2), за овој проект е наведено дека во  2016 година ќе заврши  само

првата фаза од проектот за проширување и реконструкција на улица Маџари

На 21 мај 2016 година Трајановски , во едно итервју  редејќи ги инфраструктурните проектите на  кои  Градот Скопје работи оваа пролет,  само кажа дека „се проширува улицата Маџари“, без притоа да спомене конкретни рокови кога може да се очекува финишот на овој проект.

Па, со оглед на тоа што проширувањето на улицата стартуваше со задоцнување од речиси две години, при што се пробиени изборните проекции за реализација на проектот (2013 – 2015),  и  имајќи предвид  дека целосната реконструкција  (според прогнозите дадени при почетокот на работите),  може заврши најрано во 2017 година, ова изборно ветување  го оценуваме како делумно исполнето.

 

 

ЛИНКОВИ:

 

 

Оценето од : Оливера Војновска