Државен просветен инспекторат: За непосетување на наставата законите се децидни и предвидуваат глоба од 1000 до 2000 евра за родителот

Министерството за образование и наука, и покрај најавите за штрајк од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), апелира до родителите в понеделник да ги пратат децата на настава, бидејќи министерството и општините ќе овозможат услови за непречено одвивање на образованиот процес.

Државниот просветен инспекторат, кој е орган во составот на Министерството за образование се закани дека оние кои нема да ги пуштат своите деца на училиште, ќе плаќаат казни и тоа во износ од 1.000 до 2.000 евра.

dpiЗа непосетување на наставата законите се децидни и предвидуваат глоба од 1000 до 2000 евра за родителот односно старателот кој што ќе го оневозможи наставниот процес за своето дете – велат од Државниот просветен инспекторат

Образложение:
Во членот 172, член 7 во Законот за основно образовани се вели:

(7) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на родителот, односно старателот ако не му овозможи на своето дете да ја исполни обврската за задолжително основно образование и воспитание.

Според Колективниот договор на СОНК и Министерството за образование за основно образование:

Член 54
Работодавачот е должен да исплати надоместок на плата за работниците за време на штрајкот за работниците кои учествувале на штрајкот во висина од основната плата на работникот, доколку синдикатот организирал штрајк заради кршење на правата на работниците утврдени со закон, колективен договор или акт на работодавесот.
Работодавачот е должен да исплати придонеси од плата за работниците за време на штрајкот за работниците кои учествувале на штрајкот, доколку синдикатот организирал штрајк заради зголемување на
правата на работниците.

Според Колективниот договор на СОНК и Министерството за образование за средно образование:

Член 51
Работодавачот е должен да исплати надоместок на плата за работниците за време на штрајкот за работниците кои учествувале на штрајкот во висина од основната плата на работникот, доколку синдикатот организирал штрајк заради кршење на правата на работниците утврдени со закон, колективен договор или акт на работодавачот.
Работодавачот е должен да исплати придонеси од плата за работниците за време на штрајкот за работниците кои учествувале во штрајкот, доколку синдикатот организирал штрајк заради зголемување на правата на работниците.

Според Фокус:

Законот за агенциите за привремени вработувања децидно забранува агенцијата да ангажира нови работници за време на штрајк, затоа останува нејасно како ќе се ангажираат нови наставници како што предвидуваат промените во Законот за основно и средно образование, од понеделник кога стартува штрајкот на просветарите.

Уставот е дециден:

Член 38
Се гарантира правото на штрајк. Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на управата.

Според Законот за семејство:

Член 48
Родителите имаат право и должност да ги застапуваат своите малолетни деца. Детето има право да биде застапувано од своите родители или старатели.

Според Уставот:

Член 9
Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување; имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Уставот исто така посочува дека:

Член 21
Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба.

Уставот регулира и:

Член 37
Заради остварување на своите економски и социјални права, граѓаните имаат право да основаат синдикати. Синдикатите можат да основаат свои сојузи и да членуваат во меѓународни синдикални организации. Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на синдикално организирање во вооружените сили, полицијата и органите на управата.

Според конвенцијата за правата на децата:

Конвенцијата го признава правото на децата да ги изразат своите мислења, како и тие мислења да бидат слушнати и да се постапува по нив онаму каде што тоа е соодветно, потоа да бидат заштитени од злоупотреба или експлоатација, нивната приватност да биде заштитена и исто така, Конвенцијата налага да нема прекумерно мешање во животите на децата.

Според член 46 од Законот за семејство:

Родителите имаат право и должност да ги издржуваат своите малолетни деца, да се грижат за нивниот живот и за нивното здравје, да ги подготвуваат за самостоен живот и работа, да се грижат за нивното воспитание, школување и стручно оспособување.

Детето има право да биде издржувано од своите родители, да биде згрижено, да биде заштитен неговиот живот и здравје, да биде оспособено за самостоен живот и работа, да му се обезбедат оптимални услови за негово воспитување, школување и стручно оспособување, зависно од условите на семејството.

Поради Законот за основно и средно образовани, Законот за семејство и Уставот не постои законска можност родителите да бидат казнети ако не ги однесат децата на училиште за време на штрајк. Казна од 1. 000 евра во денарска противредност е дозволена само во случај ако дете не е запишано во прво одделение од основно образование и прва година од задолжително средно образование. Во случај на штрајк и отсуство на дете (болест, или неможност од други причини, без оправдание од лекар) не е предвидена казна со глоба според Законот за основно и средно образование, ниту со Уставот како највисок правен акт. Поради тоа изјавата од Државниот пазарен инспекторат е невистинита.

Линкови:

Оценето од Владо Ѓорчев

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција