ДУИ: Изградба на нова Општа болница во Струга

Реконструкција на објектите на ЈЗУ.  Проектот за реконструкција на објектите на јавните здравствени установи заедно со нивно снабдување со модерна опрема за здравството ќе овозможи подобрување на здравствените услуги и подобрување на третманот на пациентите, медицинските установи кои не само што ќе добијат нов изглед, но ќе се створат во центри за здравствено лекување со највисоки современи и европски стандарди. Новиот проект за реконструкција на ЈЗУ е предвидено да се реализира во три фази. Во втората фаза, ДУИ ветува дека покрај реконструкцијата на постојни објекти, предвидува изградба на нови, конкретно на нова општа болница во Струга. [Рок: 2015]
Образложение:

Нема конкретни рокови на изведба, вкупна сума на инвестицијата, ниту од каде би се обезбедила инвестицијата. Се споменува само дека заедно со реновирање на некои постојни објекти, изградбата на новата болница во Струга би чинела 10 милиони евра.