ДУИ: Промена на законот за нотари

Решавање на проблемот на недостатокот на албанскиот јазик во Законот за нотари.

Образложение:

„Министерството за правда веќе го подготви првиот нацртзакон за нотари во согласност со Законот за употребата на јазиците и наскоро ќе влезе во владина и собраниска процедура. Сите закони треба да ја одразуваат рамката што го дава законот за користење на албанскиот јазик. Еден од нив е законот за нотери. Нацрт-верзијата на законот е подготвена и вграден е албанскиот јазик во службена употреба во сите заверени  нотерски документи и наскоро ќе биде доставен до Владата и Парламентот за одобрување“, изјави Бујар Османи (пристапено на 21.12.2011 ), портпарол на ДУИ  за Телевизијата Алсат-М на 21.12.2011.

Конфузни изјави на членовите на ДУИ. Додека портпаролот Бујар Османи тврдеше (21.12.2011) дека нацрт-верзијата на законот е подготвена, ден подоцна Министерот за правда Блерим Беџети кажа (пристапено на 22.12.2011) дека нацрт-верзијата не е подготвена се уште но е при крај, и без да најави некој конкретен рок, кажа дека ќе биде доставена до Владата.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција