ДУИ: Развој на туризмот на Шар Планина

„Зимски туризам и развој на Попова Шапка и формирањето на нови ски-области на Шар Планина. Стратегија за развој на туризмот во регионот на Шар Планина.“ [Рок: 2015*]
Образложение:

Изготвена е Стратегија за развој на туризмот во регионот на Шар Планина во текот на 2010 година, со присуство на над 60 претставници на општините од Полошкиот регион, невладини организации и разни здруженија на планински спортови, каде што како приоритетни ги дефинирале овие области и туризмот:

  • Прогласување на Шар Планина како национален парк.
  • Развој на руралниот и алтернативниот туризам.

Потребно е да се истражи кои од препораките од оваа стратегија се спроведени.

Нема утврдени рок на изведување, ниту колку достигнува инвестицијата. [Ажурирано на: 23.04.2012]

Стратегијата за развој на туризмот во регионот на Шар Планина е изработена пред вонредните парламентарни избори во 2011 година (уште во 2010 година), во присуство на  претставници на општините од Полошкиот регион, невладини организации и разни здруженија на планински спортови. [Ажурирано на: 12.04.2014]

Заклучно со април 2014 година нема информации за активности поврзани со формирање нови ски области на Шар Планина, така што ова изборно ветување е неисполнето.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска