ДУИ: Стратегија за развој на туризмот

„Студија за развој на алтернативниот и рурален туризам. Алтернативниот туризам е многу широко поле, кој во себе вклучува неколку видови на туристички пакети. Повеќето од албанските села во Македонија, кои се простираат во регионот на Преспа, Дебар, Куманово, Тетово, Скопје и околните другите региони, имаат потенцијал за развој на руралниот и алтернативниот туризам.“ [Рок: 2015]

Образложение:

Со донесување на Стратегијата за развој на туризмот во Македонија до 2015 година (на 07.03.2012), се очекува министерствата и единиците на локалната самоуправа преку низа конкретни мерки и активности во наредниот период да придонесат за привлекување на што поголем број на туристи во земјава и да ја направат Македонија атрактивна туристичка дестинација. Овие мерки треба да резултираат со 4 до 5 отсто во БДП до 2015 година да се добива од туризмот. За сега Стратегијата не е достапна за преземање на ниеден од официјалните владини веб-локации. [Ажурирано на: 19.04.2012]

Во март 2012 година е усвоена Стратегијата за развој на туризмот во Македонија до 2015 година.   [Ажурирано на: 13.04.2014]

Во јули 2012 година е усвоена Националната стратегија за развој на рурален туризам. [Ажурирано на: 13.04.2014]

Во февруари 2013 година Владата соопшти дека  одлучила во 2013 година да финансира 50% од инвестициите во туризмот кои ќе се направат во руралните средини, односно во селата и во градовите со под 30 000 жители. Финансиската поддршка за развој на рурален туризам ќе се однесува на воспоставување или модернизација на:

  • сместувачки капацитети (соби, апартмани, пансиони, колиби со самопослужување);
  • угостителски услуги (готвење и послужување на храна);
  • сместување на отворено (кампинг простори, бунгалови, авто кампови);
  • комбинирани услуги – сместувачки и угостителски услуги;
  • воспоставување на соби за дегустација/продажни места за директна продажба на производите;
  • рурални музеи за претставување на историски, природни, традиционални, образовни, земјоделски и др обичаи на руралната средина и
  • рекреативни активности, спортски капацитети (затворени и отворени) и опрема, велосипедизам/пешачење/опрема за планинарење, објекти за чување коњи, простор за јавање и опрема, рибници и опрема за риболов, објекти за релаксација (затворени и отворени) и опрема, игралишта и опрема, зоолошка градина и опрема).

За оваа цел Владата издвои и ќе ангажира околу 3 500 000 евра, средства кои се предвидени во Програмата за поддршка на руралниот развој. [Ажурирано на: 13.04.2014]

Може да се каже дека ветувањето: „Стратегија за развој на туризмот“, е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција