Енвер Пајазити
Енвер Пајазити е градоначалник на Општина Брвеница.
ОБРАЗОВАНИЕ
Енвер Пајазити е роден на 1 февруари 1962 година во село Челопек. Основното училиште го заврши во своето село, а средното образование во гимназијата “Кирил Пејчиновиќ„ Тетово.Дипломирал на Ветеринарниот факултет во Сараево.
Освен албанскиот, ги владее македонискиот, српскиот и германскиот јазик.
КАРИЕРА
Од 1989-2002 се занимавал со приватен бизнис.
Во 2002 година бил директор на осигурителната компанија „Сигма”.
Во 2005 година бил застапник на брендот на автомобили „Фолксфаген“ за Тетово.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
На локалните избори во 2009 година станува градоначалник на Општина Бервенице. На локалните избори во 2013 година повторно е избран за градоначалник, на последните локални избори во 2017 година, пак, по третпат го добива градоначалничкиот мандат во оваа Општина.
ИЗВОРИ:
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар