Франгов повторно им ветува спортска сала на гевгеличани

vmro-dpmne-logo

Проект: Комплетирање на спортско-рекреативниот комплекс „Касарна“ и изградба на нова спортска сала.

Донесен е урбанистички план, изградено е двојно тениско игралиште и ќе се изгради мултинаменско игралиште со забавен парк, скејт-парк и базен. Заради зголемениот интерес за масовни и клупски спортови, а со цел и нивно стимулирање, се јави потреба за изградба на нова спортска сала со капацитет од 3.000 гледачи. (Рок на реализација: 2013–2017 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов за изградба на нова спортска сала е неисполнето. Овој проект е дел од неговата предизборна програма за локалните избори 2013-2017 година, насловена како „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра општина Гевгелија“ (стр.25).

Изградбата на нова спортска сала Франгов ја ветува  и во сегашната кампања за локалните избори кои ќе се одржат в недела (15.10.2017). На 09.10.2017 година Франгов, претставувајќи ја својата изборна програма, рече дека Гевгелија ќе добие нова спортска сала.

Тој на граѓаните им вети изградба на забавен парк и базен, спортска сала, изградба на нови 14 училници во средното општинско училиште Јосиф Јосифовски со цел обезбедување на едносменска настава…, јави Курир.

Исто така, Призма неодамна објави анализа „Општините под лупа“ за тоа колку од планираниот буџет на општините бил реализиран во периодот од 2013-2017 година, како и за тоа кои од приоритетните проекти на градоначалниците биле спроведени на дело. Притоа, анализирајќи ја работата на градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, објави:

Спортска сала. Градоначалникот Франгов им вети на гевгеличани дека до 2017 година ќе имаат спортска сала со капацитет од 3.000 гледачи, меѓутоа при крајот на неговиот мандат ова ветување останува нереализирано. За спортската сала нема ниту збор во отчетот на градоначалникот, додека во една пригода, лани во 2016 година, Франгов изјавил дека салата сѐ уште е цел на Општината, а опозициската партија на локално ниво, СДСМ реагираше дека проектот влегува во категоријата ветено-неостварено.

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ветувањето на Франгов за изградба на нова спортска сала со капацитет од 3.000 гледачи, е неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *