Фудбалските игралишта Баби, Бело Брдо и Кежовица сè уште не добија трибини

Фото: stip.gov.mk

 

ВЕТУВАЊЕ: Изградба на трибини на фудбалските игралишта Баби, Бело Брдо и Кежовица. (Рок: 2018 година)

[Извор: Изборна програма на Благој Бочварски за локални избори 2017 година,  „Живот во Штип за сите“ (стр. 19), датум: октомври 2017]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за изградба на трибини на фудбалските игралишта Баби, Бело Брдо и Кежовица е неисполнето ветување на градоначалникот на Штип, Благој Бочварски. Проектот е дел од неговата предизборна програма за локалните избори 2017-2020 година, насловена како „Живот во Штип! За сите!“ (стр.19).

Постојните фудбалски игралишта Баби, Бело Брдо и Кежовица се без трибини. Секое од овие игралишта е гордост на жителите на населбите Баби,Бело Брдо и Ново село. Жителите на овие населби немаат финансиски можности сами да инвестираат во создавање подобри услови за спортување.

При организирање на натпревари посетителите се принудени да ги следат фудбалските натпревари стоејќи. Секое од овие игралишта ќе добие по една трибина.

Со изградба на трибините ќе овозможиме: Поголема посетеност на фудбалските натпревари; Подобри услови за посетителите; Можност за популаризација на фудбалот во населбите Баби, Бело Брдо и Ново Село, се наведува во програмата.  

На официјалната веб-страница на Општина Штип, како и на интернет пребарувачите, никаде не може да се најде информација во врска со изградбата на трибини на фудбалските игралишта Баби, Бело Брдо и Кежовица.

На 06.11.2018 година, градоначалникот Бочварски, во салата на Советот на Општина Штип, го презентираше резимето за проектите и настаните во изминатата една година локална власт.  Во резимето, кое е објавено на веб-страницата на Општина Штип, не се спомнува изградба на трибини на овие три фудбалски игралишта.

„Вистиномер“ се обиде одговор да добие во Општината. Испративме прашање во кабинетот на Бочварски, кога се планира изградба на трибините, но одговор не добивме.

Советникот од Општина Штип, Иван Јорданов, во изјава за „Вистиномер“ потврди дека трибините не се изградени. Тој ни посочи дека за трибините не е отпочнат ниту некаков проект.

Имајќи предвид дека градоначалникот на Штип во неговата предизброна програма вети дека до крајот на 2018 година ќе се изградат трибините и дека такво нешто досега не е сторено, може да се заклучи дека ова негово ветување за изградба на трибини на фудбалските игралишта Баби, Бело Брдо и Кежовица е неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.