Герасим Конзулов

Конзулов во моментот на преземање на должноста. Фото: Фејсбук - официјален профил

 

 

Градоначалник на Општината Радовиш од октомври 2017 година

 

БИОГРАФИЈА

Роден е на 6 јули 1957 година. Конзулов е татко на две деца. Се занимавал аматерски и професионално со спорт, со фудбал и борење.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

По образование е дипломиран рударски инженер. Нема податоци каде го има завршено основното и средното образование.

 

КАРИЕРА

Конзулов целиот свој работен век пред да стане градоначалник го поминал во рудникот Бучим. Ова го истакна и премиерот Зоран Заев на завршниот митинг пред гласањето за локалните избори во 2017 во Радовиш, преставувајќи ги кандидатите од СДСМ, носителот на советничката листа и кандидатот за градоначалник.

Самиот Конзулов во интервју за регионална телевизија изјави дека работел во Бучим повеќе од 30 години, од најмлад сменски инженер до раководител на погонот за Флотација. По банкротот на Бучим во 2003-2004, како што вели, во 2005 година бил назначен од прватната компанија Соловеј за раковдител на екипа за рестартирање на Бучим.

За првата година од своето градоначалникување, 2018 година, најавува пред се инфраструктурни проекти во селските средини – вода, осветлување и патишта. Но тој се заложува цврсто и за стопиирање на непланското градење во Радовиш кое довело до лоша урбанизација во градот и околината, а главна цел и е изградба на канализациона мрежа за Радовиш „каква што заслужува“. Што се однесува до управувањето со сметот, тој се заложува за решавање преку јавно-приватно партнерство.

 

 

ИЗВОРИ

Веб страница на општина Радовиш

СДСМ – Живот за сите – Програма на кандидат за градоначалник на о. Радовиш

Официјална ФБ страна – интевју со градоначалникот на ТВ Кобра и на ТВ ВИС


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.