Ѓоко Стрезовски

Ѓоко Стрезовски e градоначалник на Општина Ресен.

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Ѓоко Стрезовски е роден на 27 јануари, 1964 година во Ресен.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломирал на Природно–математичкиот факултет при УКИМ во Скопје. Магистер е по менаџмент на образование, на Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола, каде сега ги подготвува и докторските студии.

Автор е на повеќе стручни и научни трудови од областа на криминалистиката, односите со јавноста и образованието.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Во професионалната кариера бил и директор и главен и одговорен уредник на информативниот магазин „Балканска газета”, потоа бил советник во кабинетот на Министерот за внатрешни работи, началник на ОВР Ресен и портпарол на СВР Битола. Во периодот 1996-2000 година бил советник во Советот на општина Ресен.

Го сака спортот и е познат како спортист и спортски работник. Играл фудбал во Ф.К. „Преспа” и Ф.К. „ Братство” од Ресен, а најголем дел од спортската кариера ја поминал како ракометар на Р.К. „ШИП Преспа” и Р.К. „Јафа-промет” од Ресен, каде бил долгогодишен капитен. На локалните избори во 2013 година е избран за градоначалник на општината Ресен.

 

ИЗВОРИ

Гласило на ЗЕЛС 2013.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција