Горан Трајковски
Горан Трајковски e градоначалник на Oпштина Делчево
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Горан Трајковски е роден во Делчево на 20.07.1971 година. Оженет е и татко на две девојчиња. Хоби му е велосипедизмот и риболовот.
ОБРАЗОВАНИЕ
Основно образование завршил во Делчево, а средно образование во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје. Завршил математика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Активно се служи со англискиот јазик.
КАРИЕРА
Во 2003 година се вработил во ООУ „Св.Климент Охридски“ како наставник по математика, а во периодот 2007-2009 бил заменик директор на училиштето.
Исто така, бил и член во Управен одбор на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“- Делчево.
Во периодот од 2013 до 2017 година бил член во Советот на Општина Делчево од СДСМ и коалицијата.
На градоначалничката функција во Делчево доаѓа по победата на локалните избори одржани на 15 октомври 2017 година.
ИЗВОРИ:
Веб-страница на Општина Делчево: Градоначалник
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар