Горанчо Крстев – Грга
Градоначалник на Општината Чешиново Облешево од октомври 2017 година
БИОГРАФИЈА
Роден е на 26.06.1970 година во Кочани. Оженет е и има две деца.
ОБРАЗОВАНИЕ
По образование е рударски техничар. Нема податоци каде го има завршено основното и средното образование.
КАРИЕРА
Крстев никогаш не работел според струката. Според неговата официјална биографија тој кариерата ја започнува како основач и управител на фирма за транспорт “Грга транс“ во 2001 година. Единаесет години подоцна во 2012 година, го пропширува бизнисот и ја купува фабриката за откуп, продажба и преработка на ориз „Агро Грга“.
Нема наведено од кога точно се занимава и е активен во политиката, но во 2013 година е кандидиран за градоначалник на Чешиново-Облешево од страна на Социјал демократскиот сојуз на Македонија, на кои не ја добива довербата од граѓаните.
Победува на локалните избори во 2017 г. а во неговата програма нуди повеќе проекти категоризирани во клучни, капитални и месни.
Меѓу клучните проекти се поврзување со регионалниот водовод на Општина Кочани, фекална канализација за неколку села и асфалтирани патишата до сите населени места во оптината.
Како капитални проекти на граѓаните им ветил регулирање на речно корито на р. Брегалница и на Кочанска река, чистење на одводни канали, приклучување на регионален гасовод, повеќе откупни станици за земјоделски производи и друго.
Чешиново Облешево е една од најсиромашните општини во Македонија, чиј приходен буџет за 2018 година изнсеува само 256 илјади евра или нешто под 16 милиони денари, додека расходна страна за годинава е планирана на околу 735 илјади евра. Главен бизнис на граѓаните во општината е земјоделството.
ИЗВОРИ
Веб страница на општина Чешиново-Облешево
СДСМ – Живот за сите – Програма на кандидат за градоначалник Горанчо Крстев-Грга
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар