Гостивар доби пречистителна станица за вода

bdi-large

 

Проект: Довршување на пречистителната станица за градот Гостивар, (Гостивар); Вредност: 12 милиони денари; Рок на реализација: 2014 г.;

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Изградбата на пречистителната станица за Општина Гостивар веше ветена неколку пати од страна на Демократската унија за интеграција. Првин за време на предизборната кампањата за локалните избори во 2013 година, потоа и во Изборната платформа за 2014 година (страна 260). Како последен рок за довршување на работите, во Платформата е наведена 2014 година. Проверката на Вистиномер извршена неодамна покажа дека ова ветување е исполнето.

На 31.05.2013, градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта по состанокот се делегација на швајцарската амбасада и директорот на јавното комунално претпријатие „Комуналец“, вети дека проектот за изградба на пречистителната станица за општина Гостивар ќе започне во есента 2013 г.

Се работи за проект кој што швајцарската влада има предвидено да го реализира во периодот 2013-2016. Проектот предвидува да се изведе решението на еден швајцарски консултант, кој што ќе работи за реализација на мастер-планот за водоснабдување со вода за пиење за Гостивар и изградба на резервоар за вода со капацитет од над две илјади кубни метри, а кој што во иднина може да се зголеми до 20 илјади кубни метри. Резервоарот ќе се изгради во село Вруток, во близина на пречистителната станица, која што е во изградба.(Извор: Официјална веб-страна на Општина Гостивар, 31.05.2013).

Сепак, градежните работи за инсталацијата на цевководниот систем што ќе ја поврзе пречистителната станица со постоечката цевка на мрежата на водоводниот систем на градот Гостивар со околината, почнале со задоцнување од ветеното, односно на 23.04.2015.

Во село Вруток, почнуваме со работа за изградба на водоводот, поврзување на десниот крак кој што сме го евидентирале ние во „Комуналец“ со пречистителната станица, и потоа истата вода ќе се врати кај истата цевка за да го снабди градот со чиста вода. (Извор: Официјална веб-страна на Општина Гостивар, 23.04.2015)

Компанијата која што ги изведува работите на терен, „Пелагонија“ од Гостивар, наведе дека според договорот е предвидено работите да се завршат во рок од 60 дена.

Меѓутоа, пречистителната станица во Гостивар не успеа да се заврши во рокот предвиден во договорот, туку беше пуштена во употреба на 29.12.2015.

Проектот чинеше 2 милиони евра и беше инвестиција на Министерството за животна средина и просторно планирање. Општина Гостивар го откупи земјиштето каде што се изгради пречистителната станица, и се изгради трафо-станицата за снабдување на објектот со електрична енергија. Јавното комунално претпријатие ги поврза водоводните цевки со пречистителната станица. Општина Гостивар и Јавното комунално претпријатие инвестираа околу 100 илјади евра за да се доврши овој капитален проект за жителите на Гостивар (Извор: TВ2 ГостиварTелеграфи; 29.12.2015)

Проектот за изградба на пречистителната станица (според Изборната Платформа на Демократската унија за интеграција за изборите во 2014 година, страна 260) требаше да се заврши во 2014, но тоа не беше сторено. Иако проектот се доврши со задоцнување (29.12.2015), според методологијата на Вистиномер, овој проект го оценуваме како исполнет. 

 

ИЗВОРИ:

Оцени: Рaбије Абази


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *