Говор на студентот Рашковски искористен за клевета за професорот Рашковски

Како студент на втoра година од правните студии Драги Рашковски во рамки на ораторска вечер „Иво Пухан“, има задача да зборува контра-НАТО, додека друг студент про-НАТО. Тој говор од 2003 г., во 2017 г. , Милошоски и ВМРО ДПМНЕ го искористија за клевета против професорот и функционер Драги Рашкоски

 

 

Како студент на втoра година од правните студии Драги Рашковски во рамки на ораторска вечер „Иво Пухан“, има задача да зборува контра-НАТО, додека друг студент про-НАТО. Тој говор од 2003 г., во 2017 г. , Милошоски и ВМРО ДПМНЕ го искористија за клевета против професорот и функционер Драги Рашкоски

 

Антонио Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја даде следната изјава која ја оценуваме како невистина:

„Зошто не за влез во НАТО? Првин затоа што не нè сакаат. Второ, економскиот проблем, Македонија е премала да трпи оптоварувања што се наметнува со акции за нашето приближување во НАТО. И трето, ако НАТО нам ни е потребен како гарант за безбедноста, не дај боже НАТО пак да ни гарантира бидејќи парите и љуфбовта го вртат светот, но НАТО бомбардира”…

…Владата на Република Македонија не смее да функционира според овие ставови на генералениот секретар како висок функционер на владата. Бидејќи ваквите анти-НАТО ставови на господинот Рашковски се штетни за евро-атлантските интеграции и иднината на Република Македонија и за нејзиниот имиџ….

…Господинот Рашковски како докажан противник на НАТО сметаме дека треба да биде изолиран од процесите кои што ќе се однесуваат на евро-атласките интеграции на Република Македонија.

[ Извор: ВМРО-ДПМНЕ веб страна, датум: 06.06.2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Високиот функционер на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на прес конференција во седиштето на партијата, коментирајќи го изборот на професорот од Правниот факултет во Скопје, Драги Рашковски, за генерален секретар на Владата на РМ, изкажа тврдење дека Рашковски е анти-НАТО ориентиран, додавајќи и дека бил без демократски капацитети.

Ваквите тврдења за Рашковски, според Милошоски се засновале на ставови на професорот кои биле објавени во книга издадена од самиот  Правен Факултет „Јустинијан Први“. Милошоски ниту наведе која е таа книга, ниту кога била објавена. Доколку го стореше тоа, уште веднаш ќе се видеше дека станува збор за невистина.

Имено, демантот стигна уште истиот ден на крај од работното време, лично од самиот професор преку неговиот Фејсбук профил, што го пренесоа и дел од медиумите:

Уште овој демант на крајот на првиот успешен работен ден.

Ораторската вечер е уметнички настан на кој се вреднуваат ораторските способности. Во моментот кога настапував и бев награден, ми се падна да зборувам против НАТО. Таква ми била среќата. На мојот колега му се падна да зборува афирмативно. На ораторската вечер имаше тогаш 3 категории:

  1. Слободни говори во која учесниците може да зборуваат на која сакаат тема
  2. Говори – про ет контра, на која учесниците по пат на жрепка треба да презентираат говор ЗА или ПРОТИВ однапред дадени теми
  3. Веќе готови историски говори

Говорите ги пишувавме заедно со актери, кои особено на категоријата ЗА или ПРОТИВ сакаа да има дијаметрални ставови.

Инаку мојот став за НАТО е –

Денес, со некои решенија кои се донесоа во Генералниот секретаријат и на Влада, Македонија е поблиску до НАТО. Тоа многу ме радува.

И утре и во наредниот период мојата енергија е насочена кон желбата – Македонија 30 та членка на НАТО – напиша Рашковски на неговиот Фејсбук Профил.

Уште подетални појаснувања даде и новинарот и водител Огнен Јаневски, исто така на неговиот ФБ профил. Toj, како човек што бил дел од структурите на Клубот на Оратори на Правниот факултет, потврдува дека станувало збор за настан што се организира секоја година – традиционална студентско ораторска манифестација „Иво Пухан“ и дека говорот на Рашкоски бил дел од ораторската вечер, каде што се симулирале, меѓу другото и „про ет контра“ говори.

Јаневски наведува дека настанот се случил во 2003 година, кога Рашковски бил студент на втора година и ја приложи и агендата од настанот, од кој, пак, говорите се објавени во Јубилеен зборник на Правниот факултет по повод 55-годишнината од неговото основање. Еве дел од агендата што ја објави Јаневски, учесник на ораторските вечери:

FireShot Capture 351 - (3) Ognen Janeski - Сега ја прочитав _ - https___www.facebook.com_janeski.o

Имајќи ги предвид погоре посочените аргументи, сосема е јасно дека станува збор непоткрепени тврдења искажани од Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ во однос на професорот Драги Рашкоски и затоа изјавата ја оценуваме како невистина.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Теофил Блажевски

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција