Градоначалникот на Кавадарци, Јанчев вети и се откажа од платата

Фото: веб-страница на ВМРО-ДПМНЕ

 

На прес-конференција одржана десет дена пред локалните избори, Митко Јанчев, како кандидат за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ им вети на неговите сограѓани:

Јавно  се откажувам од  градоначалничката плата..

Финансиските средства од градоначалничката плата ќе се префрлаат на донаторска сметка, ке бидат наменете за хуманитарни цели и за решавање на социјални проблеми. Овој фонд за 4 години ке изнесува 50.000 евра, а  распределбата на финансиските сдерства ќе ја врши тело  составено од социјални работници  и истакнати хуманисти, а не Митко Јанчев.

По овие два основа, буџетот на  општина Кавадарци ке заштеди околу 150.000 евра за период од 4 години.

  [ИЗВОР: Веб-страница на ВМРО-ДПМНЕ, прес-конференција на Митко Јанчев ,  датум: 05.10.2017  ]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев во кампањата за локалните избори  вети  дека ако биде избран на оваа функција, ќе се откаже од градоначалничката плата во висина од околу 1.000 евра. Ова негово изборно ветување е исполнето. 

Деновиве (03.07.2018) „Фокус“ објави дека  Јанчев ќе ги донира своите градоначалнички плати на студенти и ученици, во вид на стипендии.

Во текст со наслов: „Митко Јанчев ја донира градоначалничката плата на студенти: Да беше жив, татко ми ќе се гордееше со мене!“, „Фокус“ пишува дека на  14 – ти февруари, кога во Кавадарци се слави празникот на лозарите и винарите, Свети Трифун, Јанчев ја формирал фондацијата ,,Никола Јанчев’’ која го носи името на неговиот татко. Како почетен влог во фондацијата, семејството Јанчеви донирало 10 илјади евра, а потоа, на сметката се додавале и сите негови градоначалнички плати. Во написот е пренесена и изјава на Јанчев во која тој вели:

Моментално фондацијата располага со околу 20.000 евра кои ќе бидат доделени на ученици и студенти од градот. Околу тоа кој ќе добие стипендија одлучува стручна комисија составена од лица од бизнис секторот, професори, советници… Стипендиите ќе се доделуваат на верскиот празник Петровден на 12 – ти јули и на верскиот празник Свети Никола на 19 декември. Целта е јасна, да се помага на луѓето преку хуманитарни активности. Мојата визија е Кавадарци да прерасне во хумана заедница, каде жителите ќе се третираат со почит и љубезност, каде ќе се даде поддршка на луѓето на кои им е неопходна помош .

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција