Граѓаните на Штип ќе плаќаат поевтина вода за пиење

Штип Фото: commons.wikimedia.org

 

ПАРИТЕ КАЈ ГРАЃАНИТЕ – НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНА НА ВОДА

  • Намалувањето на цената на водата од 10 отсто,
  • Обезбедување на квалитетно водоснабдување во сите делови на градот и населените места.
  • Заштита на постојниот бунарски систем.

(Рок: 2018 година)

[Извор: Изборна програма на СДСМ за локални избори 2017 година, Благој Бочварски  „Живот во Штип за сите“. Страна 22]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски дадено за време на локалните избори 2017 година,  ќе ја намали цената на водата во Општината за 10 отсто, е делумно исполнето.

Рокот за реализација на ова ветување даден во Изборната програма е 2018 година. Советот на Општината на сединицата одржаа на 28 декември лани, донесе одлука со која ја намалува цената на водата за 5 отсто во 2018 година и уште 5 отсто во 2019 година. Притоа, е почитувана и најниската цена препорачана од Регулаторната комисија за енергетика.

Градоначалникот на Штип Бочварски по седницата на Советот изјави:

Како и што ветивме во предизборието, ја намалуваме цената на водата за пиење за 5 проценти, а од почетокот на 2019 година ќе следи ново намалување за истиот процент. Како локална власт ветивме дека за време на овој мандат цената на водата ќе биде намалена за 10 проценти, и ние тоа ветување го исполнуваме. Направивме избор да ја избереме минималната просечна тарифа понудена од Регулаторната комисија за енергетика со што ќе се одржува рентабилноста на ЈП „Исар“, но ќе се заштити интересот на граѓаните, изјави Бочварски.(Исток прес 28.12.2017).

Ова изјава на Бочварски има потврда и во одлуката на Советот на Општината според која се прифаќа најниската цена на водата која ја определи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), но со дополнување дека во 2019 година ќе има ново намалување на цената на водата во Општината уште за 5 отсто.

Во Решението за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Исар“ -Штип за регулиран период 2018-2020 година од 21.12.2017 година објавено во Службениот весник на Општина Штип на 2 февруари  стои:

Утврдена тарифа – цена за водата за пиење за физички лица за 2018 година да изнесува 33,73 денари/м3 , на овие цени ќе се пресметува плус ДДВ.
Цената за водата за пиење за правни лица за 2018 година да изнесува 52,23 денари/м3 на овие цени ќе се пресметува плус ДДВ. Овие цени ќе се применуваат од 01.01.2018 година.
Утврдена тарифа – цена за водата за пиење за физички лица за 2019 година да изнесува 31.96 денари/м3 , на овие цени ќе се пресметува плус ДДВ.
Цената за водата за пиење за правни лица за 2018 година да изнесува 49,94 денари/м3 , на овие цени ќе се пресметува плус ДДВ. Овие цени ќе се применуваат од 01.01.2019 година.

Според горенаведеното може да се заклучи дека ова ветување на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски е делумно остварено, бидејќи за оваа година (2018) цената на водата е намалена за 5 проценти, но не се знае дали одлуката за намалувањето на цената на водата од дополнителни 5 отсто во 2019 година ќе има законска основа и ќе биде во рамки на препорачаната најниска цена определена од Регулаторната комисија за енергетика, а која се однесува на периодот 2018- 2020 година.

 

ИЗВОРИ:

  • Предизборна програма на градоначалник на општина Штип, Благој Бочварски- „Живот во Штип за сите“ [Пристапено на: 20.02.2018]
  • Службен гласник на општина Штип – од 2 февруари 2018. (страна 18) “- [Пристапено на: 20.02.2018]
  • Решенија за утврдување на тарифи“ [Пристапено на:20.02.2018]
  • Решение за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП ИСАР Штип за регулиран период 2018-2020 година “ [Пристапено на: 20.02.2018]
  • Исток прес -28.12.2017 – ШТИП ја намали цената на водата за 5 проценти “ [Пристапено на: 20.02.2018]
  • ТВ Стар 28.12.2017.: Од наредната година сметките за вода во Штип ќе бидат за 5% помали“ [Пристапено на: 20.02.2018]

 

Оцени: Рада Исовска – Маневска

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.