Граѓанската иницијатива „Не во наше име!“ бара да не се менува Кривичниот закон по скратена постапка

Инсистираме на повлекување на предлогот, поради промената во членовите на Кривичниот законик, со кои ќе им се овозможи во предметите кои ги води СЈО да се изречат помали казни или делата да застарат и со тоа да не се одговара за криминалот

 

Почитуван Претседател на Собранието,

Почитувани предлагачи на Предлог на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка,

Почитувани пратеници,

 

Ние, долупотпишаните граѓански организации, бараме веднаш да го повлечете од дневен ред Предлогот на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, доставен од пратениците Артан Груби, Снежана Калеска Ванчева, Соња Мираковска, Лидија Тасевска, Весел Мемеди и Реџеп Мемеди.

Инсистираме на повлекување на предлогот, поради промената во членовите на Кривичниот законик, со кои ќе им се овозможи во предметите кои ги води СЈО да се изречат помали казни или делата да застарат и со тоа да не се одговара за криминалот.

Неприфатливо е да се менува Кривичниот законик и кој било друг закон за да се избегне правдата и да се продолжи со заробување на државата од политичките партии. На овој начин се амнестираат криминалот и корупцијата, и продолжува неказнивоста.

 

Фондација Отворено општество – Македонија

Фондација за интернет и општество Метаморфозис

НВО Инфоцентар

Центар за европски стратегии Евротинк

Форум – ЦСИД

Коалиција „Сите за правично судење“

Институт за демократија „Социетас цивилис“ Скопје

Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија

Македонско здружение на млади правници

Агора Центар за промовирање на граѓански вредности Скопје

ЦИВИЛ – Центар за слобода

Kоалиција МАРГИНИ

Центар за современи уметности

Институт за европска политика – Скопје

Институт за човекови права

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција