Граѓански буџет станува практика во работата на Министерството за финансии

Од Граѓанскиот буџет за 2018 година. Фото: МИнистерство за финансии

Ветувањето за објавување на Граѓански буџет е исполнето. Владата оваа обврска ја презеде во својата програма за работа и реформскиот План 3-6-9, објавен на 5. јули 2017 година во делот на реформи кои се однесуваат на јавните финансии. Ова ветување според наративниот дел за остварување на Планот (страна 5) е предвидено да се реализира во ноември 2017 година од страна на Министерството за финансии и е дел од ветувањето за транспарентност на водењето на јавните финасии.

 

ПРОЕКТ: Објавување на Граѓански буџет за Буџетот за 2018 година Влада на РМ (План 3-6-9 ) Рок 11.2017.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за објавување на Граѓански буџет е исполнето. Владата оваа обврска ја презеде во својата програма за работа и реформскиот План 3-6-9, објавен на 5. јули 2017 година во делот на реформи кои се однесуваат на јавните финансии. Ова ветување според наративниот дел за остварување на Планот (страна 5) е предвидено да се реализира во ноември 2017 година од страна на Министерството за финансии и е дел од ветувањето за транспарентност на водењето на јавните финасии.

Граѓанскиот буџет за 2018 година е објавен на 16 ноември на веб страницата на Министерството за финансии. http://www.finance.gov.mk/mk/node/6810.

На сликовит начин и преку лесно разбирлив текст, Буџетот за 2018 година e направено да биде достапен до сите граѓани.

Во предговорот, министерот за финансии, Драган Тевдовски, вели дека „Граѓанскиот буџет“ е една од алатките со кои Министерството за финансии ги отвора транспарентноста и отчетноста на јавните финансии.

Пред вас е Граѓанскиот буџет за 2018 година.Тој има за цел да ги претстави клучните информации од Предлог Буџетот на РМ за 2018 година кој Владата го достави до Собранието. За разлика од обенмниот и детален Предлог Буџет на нашата држава Граѓанскиот буџет е напреавен да биде едноставен и разбирлив и за граѓаните кои не се економисти. Затоа во него се користат објаснувања и сликовитеи прикази, напиша во предговорот, министерот Тевдовски.

Ресорното Министерство информира дека основна причина за изработка на Граѓанскиот буџет се поголема транспарентност и поголема достапност до пошироката јавност на државниот буџет и има цел на неекспертската јавност во Македонија на разбирлив начин да ѝ ги претстави клучните информации од Буџетот на Република Македонија.

Со објавување на „Граѓанскиот буџет“, како што информираат, Министерството за финансии започнува практика на редовно објавување граѓански буџети заедно со буџетите или нивните измени и дополнувања. Ова е втор Граѓански буџет кој се објавува од страна на Министерството за финасии. Првиот беше објавен за ребалансот на Буџетот за 2017 година, што беше усвоен од Собранието на РМ во август годинава.

 

ИЗБОРИ:

  • Реформски „План 3.6.9 на Влада на РМ (Пристапено на 11.2017), http://vlada.mk/sites/default/files/programa/2017-2020/Plan%203-6-9%20MKD.pdf
  • Официјална веб страна на Влада (20.11.2017) – Преглед статус на имплементација на мерките предвидени во планот 3.6.9 и Наративен план 3/6/9+ (страна 5) „Реформа на јавната администрација и добро управување. (Пристапено 27. 11 2017)
    http://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/Narativen%20plan%206-9%20MK.pdf
  • Веб страна на Министерство за финасии http://www.finance.gov.mk/mk/node/6810
    http://www.finance.gov.mk/files/u3/Gragjanski%202018_0.pdf (Пристапено 27. 11.2017)
  • Телевизија 21 од 16.11.2017. под наслов „ МФ го објави Граѓанскиот буџет за 2018 година“
    http://tv21.tv/mk/?p=153788 (Пристапено 27.11.2017)

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција