Груевски: Дали Македонија имаше втор највисок економски раст во Европа во 2013 и 2014 година?

 

Во минатите 2 години, Македонија, споредено со другите земји во Европа, имаше втор највисок раст на економијата, и во 2013 и во 2014, втор највисок раст на економијата во Европа. (Никола Груевски на Денот на македонската револуционерна борба)

[Датум: 23.10.2015, Извор: YouTube]

 

Еве го и видео клипот од оваа изјава:

„Вистиномер“ веќе има извршено проверка на вистинитост на слична изјава на премиерот Груевски од 23 јануари годинава, при што тогашната негова изјава се однесуваше на 2013 година и првите три квартали од 2014 година, со оглед на фактот што во јануари сè уште не беа познати целосните податоци за 2014 година. Она што е недоследно во овие две изјави, барем што се однесува на 2013 година, е што во таа прилика премиерот рече дека Македонија имала трет највисок економски раст во Европа, за сега да каже дека земјава имала втор највисок економски раст во Европа.

Два месеци подоцна, пак, оценувајќи го македонскиот економски раст споредено со оној на европските земји, иста изјава, барем што се однесува на 2013 година, даде и министерот за финансии, Зоран Ставрески на прес конференција во Владата, кој, исто така, рече дека Македонија таа година имала трет највисок раст во Европа.

Проверката на публикацијата „Светски економски преглед“ за 2013 година на Меѓународниот монетарен фонд, која е најавторитетно издание за меѓународни споредби на растот на националните и регионалните економии од светот, како и за ред други макроекономски и финансиски показатели, покажа дека земјава, сепак, во таа година била на 9 место според економскиот раст. Како и при минатото оценување, трите заткавкаски земји: Ерменија, Азербејџан и Грузија, при што сите имаат повисок раст на БДП од Македонија во 2013 година, а Грузија има повисок раст на БДП од Македонија во 2014 година, не се земени предвид. За овие земји не е сосема јасно дали се европски или азиски. Некогаш се вели дека се лоцирани во Евроазија, другпат во Западна Азија, третпат во Источна Европа и за да не создаваме забуни и да не ја доведуваме целата анализа во прашање, нивниот раст на БДП нема да го земеме предвид.

Според ова, во 2013 година, 8 земји имале повисок економски раст од Македонија:

20013

Кога станува збор за 2014 година, пак, 3 европски земји (Луксембург, Ирска и Молдавија) имаат повисок економски раст од Македонија шт означи дека таа имала четврт највосок раст во Европа:

2014-crop-graded-underlined

Ова значи дека оваа најнова изјава на премиерот Никола Груевски, во која тој на Денот на македонската револуционерна борба, 23, ноември, рече дека Македонија имала втор највисок раст на економијата во Европа (и доби громогласен аплауз) е невистинита.

 

ИЗВОРИ:

  • Комплетниот говор на премиерот Никола Груевски на Денот на македонската револуционерна борба – (изјавата е од 27:27 до 27:43 минути), 23, Ноември, 2015 година, https://www.youtube.com/watch?v=daMXMaWbnD0, [Пристапено: 25.12.2015]

 

 

 

 

 

Оценил: Владимир Петрески

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *