Груевски: Избори нема да има!

Премиерот, Никола Груевски на 15 март 2015 година , во спортскиот центар „Борис Трајковски“, порачувајќи им на социјалдемократите да „не се плашат од избори“, рече:

Кога за првпат до нас допре идејата на некои општински комитети за организирање на ваков настан, помисливме како да го направиме, а да не изгледа како митинг. Знаете, опасно е ако изгледа дека правиме митинг, опонентиве ќе си речат, овие тргнаа на избори. И ете проблем. Здравствен за некого, а за друг обврска да смислува изговори како да не учествува на избори.

Еве за да им ги скратиме маките на почеток, ние одбравме да направиме настан во спортскиот центар „Борис Трајковски“, спортски центар, кој се изгради со помош на оваа влада, но како што гледам по интересот за овој настан, мислам дека и Партизанска и Илинденска ќе ни беа прекратки за митинг. Но има време за митинзи. Еве, за да им ги скратиме маките, им кажувам, не грижете се, нема избори, нема потреба да се плашите, барем не до толку. Нема избори, но ќе има одговор. Сериозен одговор! Е тоа не им бега!

  [Извор: Нетпрес  Датум: 15.о3.2015]

 

Образложение:

На 02.06.2015 година МТВ објави вест во која  се вели:

„Еврокомесарот за проширување по осумчасовните разговори изјавил дека во периодот што се следува земјава ќе треба да се подготови за избори што би вклучувало промени во изборниот законик и ревизија на избирачкиот список.Предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат до април 2016-та година – ова е договорот по разговорите меѓу еврокомесарот Хан и лидерската четворка во Скопје.“[Пристапено на 23.12. 2015]

Во протоколот од 2 јуни 2015 година и Договорот од Пржино на 15 јули 2015 година е наведено :

5. Актуелната Влада ќе ја поднесе својата официјална оставка до Собранието во догледно време за да овозможи инаугурација на новата влада на 15 јануари 2016 година, 100 дена пред парламентарните избори што ќе се одржат на 24 април 2016 година. На чело на новата влада ќе биде нов премиер номиниран од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Програмата на Владата е ограничена на организирање на предвремените парламентарни избори. [Пристапено на 23.12. 2015]

На 15.07.2015 година МРТ објави:

Маратонот истрчан, политичката криза решена. Четворицата лидери на најголемите политички партии во земјава со посредство на еврохомесарот Хан се договорија вонредните собраниски избори да се одржат на 24-ти април наредната година. Сто дена пред изборите, односно во јануари, ќе се формира влада која ќе ги подготви изборите на чие чело ќе стои лице номинирано од ВМРО- ДПМНЕ. Овој модел на организација на извршната власт ќе се однесува на сите натамошни избори. [Пристапено на 23.12. 2015]

 

Од сето ова може да се заклучи дека изјавата на премирот Никола Груевски е невистинита.

 

Линкови:

Оценил: Владо Ѓорчев

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција